• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Култура

Лозано за Нова Македонија – Ова е вистинско време за мојот прв голем концерт!

март 23rd, 2019 Култура, Македонија коментари 597

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Лозано за Нова Македонија – Ова е вистинско време за мојот прв голем концерт!

Зошто толку долго чекаше на твојот прв голем концерт, бидејќи на сцената си многу години и имаш многу хитови?

– Долго го чекав вистинскиот момент за голем солистички концерт, бидејќи според мене тоа треба да се случи кога еден артист ќе собере доволен број песни, хитови, кога ќе се изгради како целосен изведувач. Не дека претходно немавме настапи, напротив, настапувавме низ цела Македонија и надвор од неа, но мислам дека токму сега е моментот да се собере публиката на едно место.

Наградата „златна буба мара на популарноста“, што неодамна ја доби, беше генерална проба за твојот прв голем концерт во истата сала. Дали тоа те увери дека твоите верни обожаватели ќе бидат задоволни утревечер?

– Одличен беше настапот, задоволен сум како звучеше, но и како изгледаше, сите беа на врвот на задачата. Буба Мара за сите нас беше голем предизвик, но и одговорност, поради фактот дека нема човек кој не ја гледа таа манифестација, салата беше преполна до последно место. Тоа беше увертира на тоа што ќе се случува на концертот. Ветувам дека сите ќе уживаме утревечер.

Неодамна ја промовираше песната „Мајко“, заедно со спот, кој е авторот и зошто ја одбра токму неа како најава и покана за концертот во ВИП Арената?

– „Мајко“ е песна која што беше планирана уште од 2018 година, наменета за овој период, нумерата е на Лазар Цветкоски, текстот е на Магдалена, додека видеото е на Даниел Јовески. Задоволни сме од интересот, веќе за една недела направи гледаност повеќе од половина милион прегледи.

Се сеќаваш ли на твојот прв голем концерт на кој си присуствувал?

– Да да секако, еден од моите први поголеми концерти каде сум присуствувал како публика, беше на „Вајт снејк“ на скопско лизгалиште, каде си поминав прекрасно и тогаш ја увидов таа величествена еуфорија и енергија која се дели со публиката и артистите.

На кои песни, според тебе, ќе пееш заедно со публиката?

– Мислам дека на сите песни ќе пееме во еден глас, сите песни се прекрасни и си имаат свој шмек, но би ги издвоил „Сонце не ме грее“, „Кога мене ќе ме немаш“, „Километри“ и секако „Јако, јако“. Ќе ни откриеш ли нешто од утрешната атмосфера?

– Ќе има од сѐ по нешто, гости ми се момците од дуото „Некст Тајм“, со кои уште од почетокот на мојата кариера се поддржуваме и се дружиме приватно. Концертот ќе се снима и планираме да биде и во ДВД формат. Имаше ли понуди од некои модни дизајнери за настапот или ќе се придржуваш до твојот веќе препознатлив имиџ?

– За стајлингот ќе се погрижат професионалци, тоа го препуштам на мојот долгогодишен соработник кој и ме облече на „Евровизија“, тоа е Андреј Папаз и неговиот тим, а тука се и останатите мои поддржувачи. Размислуваш ли за ширење на кариерата во регионот?

– Зошто да не, како тим, тврдам дека имаме голем потенцијал и квалитет и за надвор од границите, тамошната естрада е добро запознаена со нашата работа, сѐ почесто се пејат мои песни на музички аудиции, секако дека сме желни и за поголема публика.

Лазар и Ена Цветковски несомнено, толку добро те познават, што прават песни како создадени за тебе. Има ли и други автори кои знаат да ти ја погодат песната?

– Искрено тие најдобро ме познаваат. Во овој момент нема некој подобро што го знае мојот капацитет, мојата енергија, емоција, сензибилетет, начин на интепретација и секако ќе бидеме уште многу долго заедно.

Кој е најубавиот комплимент што си го добил досега?

– Баш ми е драго што со мојата појава им будам такво чуство, имало најразлични комплименти, конкретно само на еден не можам да сетам, гледам на нив најмалку да вратам со насмевка, со убав збор… Од кого имаш најголема поддршка, кој ти дава најмногу ветер во едрата и те поттикнува секогаш да го даваш најдобро од себе?

– Има многу кои ми даваат поддршка, моето семејство, публиката е таа која што дополнитрлно ме мотивира, но пак ќе го споменам Лазар, кој покрај тоа што е мој соработник, мој пријател, добивам и многу совети, елан за работа.

Има ли некој на кого ќе ги посветиш најубавите љубовни песни на концертот?

– Ги посветувам на сите оние кои ќе се пронајдат во моите песни.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Интервју со Николчо Стоилков кандидатот за градоначалник од Ново Село - Ќе работам на тоа младите од Ново Село да не се иселуваат!
Следна објава Џенова со честитка до Пандев - Ти си феноменален, ти си гордоста на Македонија!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 362
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 341
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 359
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 978
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 355
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 396
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 166
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 245
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 329
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

1028
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1685
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 2022 1057
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 201922
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Петровденски турнир во мал фудбал во Кочани
Регион

Петровденски турнир во мал фудбал во Кочани

Јун 13th, 201816
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.