Во Државната изборна комисија денеска на јавна седница со жрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата. Се утврди редоследот на гласачкото ливче со тројцата претседателски кандидати:
1.Блерим Река,
2.Гордана Силјановска Давкова и
3.Стево Пендаровски.
Тројцата кандидати потпишаа кодекс за однесување на претседателските избори.