“Денеска на сметките на 10.277 млекопроизводители се исплатени 76.3 милиони денари по основ на предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Исплатата се однесува на предадено млеко во месеците јануари и февруари 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.
Висината на директните плаќања изнесува .
денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и
.
денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките од сточарско производство. “
-соопшти Никица Бачовски- Директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.