• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Култура и традиција

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

август 25th, 2019 Култура и традиција, Македонска бесмртност коментари 1235

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и проширува апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и Делата Апостолски. На тие негови патувања го придружуваат и апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тхик кои и самите независно од Светиот апостол Павле работат на христијанизација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Светиот апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Што значи дека уште тогаш се поставени темели на организирана Црква. Би спомнале тука дека апостолите Аристарх и Секунд биле Солунјани, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија) кој се лоцира некаде муѓу Струмица и Валандово.

Во тоа време Македонија била под римска власт така што често биле менувани нејзините граници. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и вселенските Собори.

Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа и Стоби. Во тој период и низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики.
За време на владеењето на царот Јустинијан I (527?-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешно Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима во тоа време трета по чест меѓу помесните Цркви, после Рим и Цариград. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован Први, Леон и последниот – Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.

Делото на Светиот апостол Павле и Светиот цар Јустинијан Први го продолжуваат светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Светите Климент и Наум Охридски. Во втората половина на Х век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима, во достоинство на патриаршијата. Подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, се’ до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан Мустафа III, нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија. Од овој моммент па натаму, македонскиот народ прави постојани напори за нејзино обновување. Нејзините епархии смениле неколку јурисдикции од соседните православни Цркви. Особено жестоки боби биле водени во втората половина на ХIX и првата половина на ХХ век, но поволни услови за враќање на самостојноста се создаваат дури во текот на Втората светска војна (1941-1945г.). Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан Првиот Црковно-народен Собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ, бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна Црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна – Српска Православна Црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифаќа оваа одлука, заради што во своите понатамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како афтокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но, пофторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид е одржан Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Светиклиментовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј.
Архиерејскиот собор на СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС.бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година.

Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ и’ дал самостојност на Македонската Православна Црква, со тоа што таа и понатаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите. Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повќе високодостоинственици на Руската Православна Црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата Пресвета Богородица – Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија, на која што служел патријархот Московски Алексиј, во сослужение со патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглаварот на други автокефални Цркви.

Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е извршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Точно 200 години по нејзиното укинување од страна на тускиот султан.

Диецезата на Македонската Православна Црква не се протега само на подрачјето на Македонската држава, туку и во црквовните општини надвор од границите на Републиката. Според точката 17 од Образложението на Одлуката за автокефалност, Македонската Православна Црква како административен дел од едната, Света, Соборна Апостолска Црква, ќе ги чува Светото Писмо, Светото предание, апостолските Правила и прописите на вселенските и помени Собори и ќе се раководи согласно со нив и со Уставот на Македонската Православна Црква.

Молејќи се смирено за другите, Македонската Православна Црква секогаш ќе се потпира на молитвите, благословот и врз помошта на постарите свети сестрински и помесни православни Цркви.

Извор: Македонска Православна Црква

Пишува: Ванчо Миленковски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Излезе од печат двотомната студија “МАКЕДОНСКО (АНТИЧКО) ЦАРСТВО- ПРВА ОРГАНИЗИРАНА ОПШТЕСТВЕНА ЗАЕДНИЦА НА НАШАТА ПЛАНЕТА” од Проф. Петар Поповски
Следна објава Бугарски централен акционен комитет
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 523
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 886
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 905
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 563
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 556
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 791
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 581
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1004
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 536
Жена на денот
Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

4274
Маж на денот
Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

1578
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 739
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202230
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.