• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Историската улога на Дончо Штипјанчето како репер за лојалност на сегашните генерации

јули 26th, 2020 Историски личности коментари 1036

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Историската улога на Дончо Штипјанчето како репер за лојалност на сегашните генерации

Македонската историја знае и познава огромен број на предавници на идејата за слобода и просперитет на Македонскиот народ. Од друга страна многу малку се историските ликови во Македонската историја кои што одолеале на премрежјата на своето време и не потклекнале под ударот на туѓите интереси за врбување на Македонски синови под јамката на странските интереси.

Еден таков лик е Андон Стојанов Тошев познат како Доне Тошев или Дончо Штипјанчето. Тој бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и деец на Македонската револуционерна организација. Своевремено станал синоним на револуционерна тврдокорност и непокор.

Тој е роден на 20 jуни 1867 во Светинколското село Ерџелија, тогаш во Османската империја. Негови родители биле Стојан Илиев-Тоше и Мита. Учел шест години во бугарско егзархиско училиште во Штип, а потоа изучувал занат и од 14 години почнал да работи како кожар по селата. Тој активно учествувал во штипското егзархиско читалиште Дејателност каде се запознал со животите и делата на Васил Левски, Христо Ботев и други бугарски револуционери. Некаде околу 1888 година се оженил со Катерина (1863-1958).Таа била ќерка на иконом поп Апостол Поликарев(поп Паликарија) штипскиот делегат кој ја преставувал Ќустендилската епархија на Првиот Црковно-народен собор на Бугарската егзархија во 1871 година.

Братот на Кaтерина-Григор поп Апостолов бил учител во Кочани и во 1885 година бил осуден поради обид за покренување на воружена акција против Османлиската империја, а тој починал кон крајот на 80-те години во Диарбекир. Околу 1888 година таткото на Дончо бил убиен, и сега Дончо Штипјанчето требало да се грижи за целата фамилија , почнал да се занимавa со кираџиство, односно за одреденa сума на пари пренесувал разни стоки, а оваа работа му овозможила да оствари разни познанаства кој подоцна му помогнале во револуционерната дејност. Доне бил познат како тивок, скромен, чесен и многу трудољубив човек. Пренесувал стоки или придружувал патници. Од контактите со разни луѓе, Доне разбрал дека во Македонија нешто се подготвувало. Започнал да ги проучува местата на патиштата каде можело да има опасни средби, ги избирал луѓето каде требало да запре да одмори или преноќи. Незабележливо, тој создал мрежа на верни и доверливи луѓе, кои подоцна почнале да се организираат во револуционерни комитети. Со доаѓањето на Гоце Делчев и Даме Груев во Штип, започнало организираното формирање на револуционерни комитети. Во периодот 1894/95 година, во овие комитети членувале мал број луѓе. Во учебната 1895/96 Гоце Делчев и Даме Груев решиле да се разделат во корист на започнатото дело. Делчев останал во Штип, а Даме Груев заминал во Солун како инспектор на Солунската школска околија. На испразнетото место, на предлог на Даме Груев, бил назначен Тодор Станков од Прилеп, исто така доверлив човек на Организацијата.

Тодор Станков вели:

“За време на летото 1895 година, бев назначен за учител во Штип. Требаше да патувам со единственото превозно средство во тоа време, караваните со коњи, со кои кираџиите пренесуваа различни стоки помеѓу градовите и селата. За пазарот во Битола, преку Прилеп, често поминуваше со товари ориз Доне Стојанов од Штип, познат како скромен и чесен човек… Одевме заедно од Битола за Штип…Доне, во почетокот не беше многу разговорлив, но кога тргнавме по коритото на Брегалница и наближивме кон неговиот крај, тој полека се опушти и јас го искористив тоа да го прашам дали ги познава учителите во градот, дали знае нешто за нивната општествена дејност и друго. Од разговорот сфатив дека имам работа со умен и свесен човек, кој не е рамнодушен спрема настаните… Во Штип се разделивме, но со тоа не ги прекинавме нашите врски. Доне беше роден за организациона работа и за да го проверам, често испраќав по него писма и весници до моите роднини во прилеп, а тој ми донесуваше писма и алишта. Задачите ги исполнуваше точно и на време. Тоа ме натера да му предложам на Гоце, Доне да влезе во Организацијата и да ја превземе курирската работа”.

Така Доне станал прв курир на Гоце Делчев.

Првата задача на Дончо во 1895 година, тогаш бил задолжен од страна на Гоце Делчев да ја осуети агитацијата на Александар Чакаров (родум од Велес) во името на Македонскиот комитет . Чакаров требало да покрене востание во Виничко но бил спречен во тоа. Од крајот на 1895 година Дончо покрај оружје, револуционерна литерaтура и коресподенција започнал да пренесува за комитетите и бомби кој во тој период главно биле изработувани во бомболеjaрницата на Наум Туфекчиев во Софија. Една вечер, во почетокот на април, поточно на 3 април 1896 година, Тодор Станков, во куќата на Доне, донел десет празни бомби и заедно ги сокриле во вреќите ориз. Му дал и некои писма за неговиот брат во Прилеп и уште едно писмо адресирано до Аврам во Битола. Писмото било шифрирано без печат и датум.

Наредбата била во случај на опасност Доне да го искине писмото и да избега без коњите и опасниот товар. Доне ја прифатил задачата без приговор. Во сабота пристигнал во Прилеп, му го предал пакетот на братот на Тодор Станков и наредниот ден заминал кон Битола. Пред Битола, кога наближил до стражарниците Доне забележал дека сообраќајот се одвива отежнато, бидејќи имало стражари чија работа било да ги пронаоѓаат шверцерите на тутун. Стражарите со долги метални шипки ги проверувале товарите на коњите. При тоа, забележале дека во еден од товарите, железните шипки удирале на нешто метално, па се посомневале во товарот. Кога почнале да го бараат човекот и да се распрашуваат чии се коњите, Доне го искинал писмото од Гоце Делчев, дел од писмото фрлил, дел проголтал. Го фатиле и го приморале да го извади скриениот товар. Доне и самиот се преправал дека е зачуден, кажувајќи дека не знае од каде се нашле во неговиот товар. Стражарите нашле дел од писмото, но само оној дел каде пишувало Аврам. Доне објаснувал дека тоа му било подметнато од евреинот од Виница од кој го земал оризот. Стражарите не му поверувале, па го затвориле. Тука започнале маките на Доне.

Тоа се случило на 19 април 1896 година.

Бил затворен во темен долап, каде не можел ниту да седне ниту да легне.

Веста дека Доне е фатен со бомбите во оризот, брзо се разнела, како во Битола, така и низ цела Македонија. Од уста на уста се пренесувало:

„Фатен е курирот на Организацијата. Тој насекаде разнесуваше писма и оружје, ја знае целата мрежа и ги познава луѓето што дале клетва за верност. Ако проговори, Организацијата е загубенa. Ќе ги фатат и убијат најверните луѓе.“

Еден од челните луѓе на Битолскиот револуционерен комитет, Глигор Попев раскажува дека, кога разбрал дека Доне бил фатен од властите, тој го известил Петар Поп Aрсов, па морале да сокријат се што е сомнително. Но, тој вели:

„…штом дотогаш не бев уапсен, Доне не издал ништо.“

Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Тоа му дало можност на Гоце Делчев да се врати во Штип од планирано патување во Софија, бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен по еден месец во Скопје но набргу бил оcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. Ѓорче Петров за апсењето на Дончо вели:

„Нашиот ужас од оваа вест беше неописив. Зашто аферата беше прва по ред. Тврдината на карактерот на курирот не ни беше испитана и докажана, а ние самите не бевме прекалени, не ја знаевме судбината на писмото, ниту пак држењето на затвореникот.“

Во своите “Спомени” Ѓорче Петров додава:

„Доне си создаде име во организацијата како прататко на тврдоста при најголемите страдања. Така се создаде традиција, еден дух да не се искажува, да не се издава ништо…“

Неговиот подвиг бил опеан од Пејо Јаворов со кого имале и лично познанство, како и од Димитар Талев кој црпел сведоштва од жена му Катерина, а херојството на Дончо е воспеано од битолчани во позната револуционерна песна Ми товарил калеш Дончо:

Го фрлија калеш Дончо

Во темни занадани,

Го мачеја пусти Турци

Во тесни долапи…

Дончо во битолскиот затвор се нашол со организациските луѓе Јордан Гавазов и Стојан Лазов, а заедно го нападнале просрпскиот настроен Мицко Крстевски коj 4 пати бил прободен со нож, а Дончо поради тоа се нашол нови три месеци во ‘долапот’ со димензии метар на метар на метар и 50, каде што бил затворен и првите 6 месеци. Од влажните мувлосани долапи во кои бил окован успеал да испрати писмо до Организацијата во кое се вели:

„Поскоро ќе умрам, отколку да предадам нешто“

По Грчко-турската војна, Бугарија поради својата неутралност меѓу другото издејствувала амнестија за сите политички затворени бугари (македонци егзархисти), а Дончо заедно со други 9 затвореници бил ослободен на 20 октомври 1897 година. По излегувањето од затвор заминал за Штип, но повторно бил баран од турските власти и затоа со своето семејство заминал за Бугарија зимата на 1897/98 година и се населил во Ќустендил.

Моќна фотографија
Прв ред: Дончо Штипјанчето, Мише Развигоров, Даме Груев, Ефрем Чучков, Атанас Бабата.
Втор ред: Славчо Абазов (трети), Марко Секулички (четврти).
Делегати на Скопскиот окружен конгрес на #ВМОРО, јануари 1905 г., Кнежево.

Дончо ја продолжил својата револуционерна дејност и продолжил да пренесува товари со своите коњи. По смртта на Даме Груев се приклонил кон Христо Матов и Тодор Александров, а својата дејност ја продолжил во ВМРО (Автономистичка) се до 1922 година кога му се влошило здравјето.

Дончо умрел на 15 април 1931 година во Ќустендил. На неговиот погреб неговиот пријател и соборник Тодор Станков му донел венец со натписот Gaius Mucius Scaevola (Римско момче, кое било познато по својата храброст).

  • Ознаки
  • Дончо Штипјанчето

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Техничката влада на Спасовски замина во историјата. Министрите на ВМРО-ДПМНЕ се збогуваа со своите позиции
Следна објава Зоран Заев по повод годишнината од скопскиот земјотрес: Да бидеме горди на ова наше Скопје
Може да Ве интересира:
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 576
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 583
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 592
И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти
Историски личности

И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

август 13th, 2022 536
Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија
Историски личности

Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија

август 10th, 2022 581
71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров
Историски личности

71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров

јули 13th, 2022 582
Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска
Историски личности

Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска

јули 9th, 2022 513
На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори
Историски личности

На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори

јули 9th, 2022 557
На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров
Историски личности

На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров

јуни 28th, 2022 499
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

755
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1350
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.