• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Свет

Итна евакуација на населението од Доњецк и Луганск

февруари 18th, 2022 Свет коментари 1013

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Итна евакуација на населението од Доњецк и Луганск

ALEXANDER ERMOCHENKO / Reuters

Утрото 16-ти февруари светот здивна и мислеше дека војната е избегната, и дека темните облаци над Донбас, Украина и над Европа се растерани како резултат на дипломатските активности, но вечерта 18-ти февруари, ситуацијата ескалираше и темните облаци пак се собраа над Донбас и Украина. Европа е на прагот на голема војна, прв пат после крајот на Втората Светска Војна. Барабаните на војната се посилно бијат на Донбас и на Украина.

Претседателите на Народните Републики Доњецк и Луганск (Донбас) наредија итна масовна евакуација на цивилното население од републиките на територијата на Русија, во регионот на Ростов. Според Ројтерс ќе бидат евакуирани 700 000 илјади луѓе, претежно деца, жени, стари и изнемоштени луѓе. На децата им велат дека ќе одат на екскурзија во Русија, се со цел да не ги трауматизираат и да не се ствара непотребна паника. Но најголем дел од тие деца се родени во воено време, немале безгрижно детство исполнето со игри и среќни моменти, и голем дел од нив знаат да го препознаат звукот на артилериските гранати. Голем дел од детството тие поминале во скривниците.
Пушилин и Пасечник денес на итни прес конференции изјавија дека располагаат со информации добиени од разузнавачките служби, според кои претседателот на Украина Зеленски, ќе издаде наредба украинската армија да започне воена операција за завземање на Донбас. Сирените постојано се слушаат во Доњецк и Луганск, како за време на жестоките судири во 2014 и 2015 година. Во 19 часот во Доњецк одекна силна експлозија во близина на администрацијата на Претседателот. Беше разнесен воен џип, кој што го користел Синенков, началникот на Народната Милиција на Доњецк. Но тој не е повреден во експлозијата. Улиците на Доњецк и Луганск веќе се празни, и нема никаква раздвиженост на луѓе.
„Киев може да започне целосен напад на Донбас во секој момент, ситуацијата е критична. За жал, ситуацијата во Донбас оди кон војна.“ – изјави денес Пушилин, претседателот на Доњецката Народна Република.

„Почнувајќи од денеска, 18 февруари, се организира масовно централизирано заминување на населението во Руската Федерација. Пред сè, жените, децата и постарите лица се предмет на евакуација. Љубезно ве замолуваме да слушате и да донесете правилна одлука. Привременото заминување ќе го спаси животот и здравјето на вас и вашите најблиски. На машкото население, на возраст од 18 до 55 години во Донбас му е забрането да ја напушти територијата на Донбас.
Во договор со раководството на Руската Федерација, местата за прием и сместување на нашите граѓани се подготвени во Ростовската област. На евакуираните ќе им биде обезбедено се што е потребно. Создадени се сите услови за брза транзиција на контролните пунктови. Раководителите на претпријатијата и институциите треба да го организираат заминувањето на семејствата на вработените. Штабовите за територијална одбрана – да обезбеди транспорт за евакуација на цивили во Русија.“ – официјални изјави на претседателите на Доњецк и на Луганск, Пушилин и Пасечник.
Огромен број на автобуси и на возила се на граничните премини помеѓу Русија и Донбас, во Ростов, колони возила од страна на територијата на Донбас чекаат за да влезат во Русија.
Претседателот на Русија, Путин денес категорично изјави „Во секој случај Западот ќе стави санкции против Русија, без или со причина. Целта е да се забави развојот на Русија. Украина треба да седне со претставниците на Донбас и да се договори, и да го исполни Минскиот договор“. Утре на целата територија на Русија под команда на претседателот Путин започнуваат големи воени вежби на Нуклеарната тријада на Русија (стратешката авијација, стратешките ракетни единици и подморниците со балистички ракети), плус учество ќе земат ракетните единици со крстаречки ракети.

Деновиве претседателот на Украина Зеленски изјави „Договорите од Минск се просечен медиократски документ, бидејќи тие не ги решаваат сите прашања на Украина. Нема да влеземе во директни преговори со Доњецк и Луганск, тоа е бесмислено“. Зеленски свика итна седница на Советот за Безбедност на Украина.

Денес се огласија и од Белата Куќа. Тие изјавија дека претседателот на САД Џо Бајден ќе има итна прес конференција денес на која ќе даде ажурирање за кризата меѓу Украина и Русија во 16:00 часот по американско време. Истовремено,

НАТО ги стави во борбена готовности единиците за брзо реагирање на алијансата.

Целото внимание на светот и светската јавност е насочено во моментот кон Донбас и Украина, во исчекување на разврската на ситуацијата. Останува да видиме во наредните денови дали „Гордиевиот јазол“ околу Донбас и Украина ќе биде разрешен, или конфликтот и понатаму ќе остане замрзнат.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава "Патот на успехот" во две слики
Следна објава Македонски манифест: ЈАВНА ОСУДА НА ИНКВИЗИЦИСКИОТ ЛИНЧ НА ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ
Може да Ве интересира:
Апел од наставниците по македонски јазик во светот "Учи Македонски"
Свет

Апел од наставниците по македонски јазик во светот "Учи Македонски"

септември 12th, 2022 557
Макрон ја откри Русија- дајте му Нобелова награда: Храната, како и енергијата, станаа руско воено оружје
Свет

Макрон ја откри Русија- дајте му Нобелова награда: Храната, како и енергијата, станаа руско воено оружје

јули 27th, 2022 844
САД ги поздравува важните чекори на ЕУ за напредокот на интеграциите на Западен Балкан
Свет

САД ги поздравува важните чекори на ЕУ за напредокот на интеграциите на Западен Балкан

јули 19th, 2022 550
Ивана Трамп- поранешната сопруга на Доналд Трамп почина од срцев удар на 73 годишна возраст
Свет

Ивана Трамп- поранешната сопруга на Доналд Трамп почина од срцев удар на 73 годишна возраст

јули 14th, 2022 612
Проглас на Македонците во Светот: Не за бугарскиот договор
Свет

Проглас на Македонците во Светот: Не за бугарскиот договор

јули 13th, 2022 651
Кој од позадина го контролира Џо Бајден? Дали човекот е способен да диктира политика на светско ниво?
Свет

Кој од позадина го контролира Џо Бајден? Дали човекот е способен да диктира политика на светско ниво?

јули 9th, 2022 807
Македонската дијаспора ги повика Македонците од целиот свет да допатуваат во татковината за нејзина одбрана
Свет

Македонската дијаспора ги повика Македонците од целиот свет да допатуваат во татковината за нејзина одбрана

јули 6th, 2022 635
Македон: Прва децентрализирана социјална мрежа во светот која ја градат Македонци за Македонци !
Свет

Македон: Прва децентрализирана социјална мрежа во светот која ја градат Македонци за Македонци !

јули 6th, 2022 764
Портпаролот на кинеското министерство а надворешни вака го трола западот
Свет

Портпаролот на кинеското министерство а надворешни вака го трола западот

јуни 29th, 2022 364
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

2502
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1142
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1467
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202218
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201817
Власта експресно го повлече предлог законот за укинување на субвенционираниот студентски оброк. Зајкова повика на итни преговори со студентите
Македонија

Власта експресно го повлече предлог законот за укинување на субвенционираниот студентски оброк. Зајкова повика на итни преговори со студентите

Ное 12th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.