Хелбој, заробен помеѓу натприродниот и човечкиот свет, се бори против античка магија со цел да се одмазди.
Режија: Нил Маршал
Улоги: Дејвид Харбор, Мила Јовович, Ијан Мекшејн
Времетраење: 120 минути
Премиера: 12 април 2019
Јазик: англиски
Жанр: акција, авантура, фантазија
Наша оценка: 6/10
Хелбој е еден од најпопуларните антихерои на филмското платно, еден од најпознатите кои се обидуваат да се изборат со своите демони и да најдат начин да се претворат во суперхерои. Првото нешто што ќе го забележите кај овој филм се неверојатните визуелни ефекти, а што се однесува до приказната, на кратко, ќе видите буквално сè од нацисти, некромани, бесмртни тајни општества и медиум што зборува со духови, како и многу насилства и хорор сцени, кои филмот го прават хаотичен.