• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Кирил Ковчегарски: АЈДЕ МИЛКЕ ДА БЕГАМЕ ОД НАШЕ СЕЛО МАЛЕШЕВО

ноември 29th, 2019 Колумна коментари 1553

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Кирил Ковчегарски: АЈДЕ МИЛКЕ ДА БЕГАМЕ ОД НАШЕ СЕЛО МАЛЕШЕВО

За жал драги мои оваа прекрасна малешевска, македонска песна, не е поводот за овие редови што ги пишувам. Поводот е злоупотребата на песната во политички цели на еден несмасен и прилично понижувачки начин за мене, а верувам и за многу други Малешевци.

Деновиве во центар на внимание е расправата која се води пред Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија, а се однесува на Буџетот за 2020 година. Поднесени се амандмани на истиот, повеќето од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по кои две недели ќе се дискутира и ќе се гласа дали ќе бидат вметнати во буџетот или не. Како Малешевец и ,,локал-патриот,, очекував од 5-6 мината пратеници од овие краишта да го затрупаат Собранието со амандмани со кои би се обезбедиле средства за реализација на некои капитални проекти во Малешевијата, па пратениците предлагачи да рипаат низ салата, да држат говори во одбрана на амандманите, да лобираат меѓу колегите, да припаѓаат, да викаат од терасите во салата, море и да крварат ако треба за да се изборат за подобро утре на нивниот крај. Да допринесат нешто за Малешевијата, па нели за тоа се избрани. Се распрашав по запознаени, ама изгледа такво нешто нема (Нека ме демантираат ако грешам, спремен сум да се извинам! Овде не сметам ако некој поради про форма поднел амандманче за некоја тековна работа или некоја ситница). Не успеав ниту да пронајдам колку средства се предвидени за овие краишта во предлог Буџетот за 2020 година од страна на предлагачот. Секако не сметам на средствата за плати и трошоци во администрацијата, и ќе повторам, мислам на средства за капитални проекти, за нешто трајно што ќе остави белег овде, нешто што засекогаш ќе не потсетува на овие 5-6 мина. Доколку има средства ме интересира, дали се повеќе или помалку од претходните години? Колку во проценти се тие средства, ако на пример се споредиме со соседната општина Струмица, особено ако се има во предвид дека премиерот во повеќе наврати истакнува дека Берово му е после неговата Струмица, најомилениот град. Би сакал да знам, колку таа омиленост изнесува во проценти и колку е зголемена за овие години откако е тој власт во Македонија? На зборови и фалби, верба веќе се нема, само дела не интересираат, црно на бело, сите карти на маса, па да видиме дали сте на прав пат или си фаќате кривини.

Случајно пред два-три дена вртам по каналите и ,,среќа имав,, баш на Собранискиот канал ја гледам беровската пратеничка, истакнатата перјаничка на СДС, Шахпаска, говори пред присутните на седницата на комисијата за финансирање и буџет. Си велам супер, таман ќе видам што бара за Малешевијата, дали нешто е предвидено да се прави, ќе го добијам одговорот на погоре поставените прашања, чисто за да не се распрашувам по други, ќе имам информации баш онака што би се рекло од прва рака. Изгубив така дваесетина минути од моето, за мене скапоцено време, но за Берово, Пехчево и Малешевијата ништо, ниту збор. Шахпаска изгледа води само виша политика, локални работи не се за неа. Веднаш си помислив, море поарно, оваа вака на високи позиции во власта ,,ќутејки,, ќе извади нешто големо за тука, па сите ќе имаме ќар и сдсовци и вмровци, и тие што живеат таму, и ние што потекнуваме и често престојуваме, само нека падне нешто. И ја гледам така влезе во дискусија со своите колеги, жестока, дрчна, па реплики, па контра реплики, па реплики на реплики и така подолго време, ама пак ништо за Малешевијата да слушнам, само виша политика. Си помислив, па и ,,ќутејки,, да изнудила некои средства во буџетот за нешто големо во Малешевијата, ќе се пофалеше барем малку, онака од околу, да знаат луѓето, нели треба во април пак да ја гласаат, не чини да незнаат за нејзините работни успеси, иако за волја на вистината Малешевијата е мало место и таквите работи не би останале незабележани. Таман дојде до крајот и јас онака разочаран се подготвував да го сменам каналот кога госпоѓава им вели на присутните во салата:

-,,знаете јас доаѓам од Берово, таму сум мажена пред триесет години,,.

Опаа, и текна. Одма си реков, сега оваа кога ќе му ја разврзе за амандманите што ги поднела, за тука и за она што е веќе вградено во буџетот, а се однесува на овие краишта, има вистински да се стресат присутните во салата. Но пак ништо, дури ни за разочарување, кое многу полесно ќе го поднесев отколку срамот кој ме облеа во тој момент. Лидерот на госпоѓава би се изразил со: ,,Уби ме туџа срамота,,. Наместо нешто суштинско по втор пат месецов (првиот пат беше на трибина во Берово за што пишував во претходна колумна) беше цитирана песната чии што наслов (за една буква променет) го употребив во оваа колумна. Ај за првиот пат си помислив, ја зафатило еуфорија од преполната саличка со Сдс активисти кои со гордост го скандирале нејзиното и името што и таа со својот пратенички глас и го стави на државата, па онака непромислено обидувајќи се да направи компарација, искажа ,,блес(к)авица,,. Ама кога истиот говор го слушнав и во Собранието на Република Македонија и тоа со нагласување дека тие зборови со гордост секаде ги истакнувла, навистина неможев поинаку да се почуствувам, освен како горд Малешевец, да останам ,,убиен,, од туѓиот (нејзиниот) срам. Да не должам многу, гордоста на госпоѓата се состои во тоа што сега откако е таа пратеничка и СДС е на власт, песната на која ја научиле и прв пат ја чула кога пред триесет години станала беровска снаа: ,,Ајде Милке да бегаме в наше село Малешево,, каде што во песната се вели дека од три страни сонце грее, од четврта месечина, сега веќе не се пеела така, туку се пее: ,,В наше село Малешево од три страни регионални патишта греат, а од четвртата Граничен премин Клепало,,!!!??? Твитерџиите викаат: ,,Ќумрам,, ,,Гасете интернет за денес,, ,,Шта речи, а не заплакати,,. Но тоа е. И ова внимание што го посветив за вака продуховениот восклик на пратеничкава е премногу. Само во оваа прилика добрронамерно би ја замолил повеќе да не се гордее до толку, особено не со залудно спомнување на Малешевијата и извитоперување на народното творештво, оти тоа е македонско, а не северџанско, за да може секој како ќе му текне да се ,,заеб-ава,, со него. Јас како горд Малешевец, не сакам, кога некој познат ќе ме сретне да се исмева и да си прави вицови со мене и мојот крај заради туѓи непромислености. Убаво е човек да е вицкаст, да е шегобиец, ама не треба до толку да оди во крајност и баш во чекор да ги следи стапките на лидерот, особено не со нешта кои му се свети на овој народ, како што е скапоценото македонско народно творештво. Во вашето семејство  има многу умни луѓе, но изгледа не сте ги слушале добро или пак заборавиле да ви објаснат дека песната која ја злоупотребувате има и еден друг дел во кој народниот пејач на саканата Милка и вели: ,,в наше село Малешево два пати се жетва жнее, три пати се грозје бере,, што ќе се согласите е невозможно, односно претставува лага, но тој за да ја убеди да појде по него се служи дури и со недозволиви средств, кои нели само и само во љубовта се дозволени. Тоа на вас како политичарка, која сака да се занимава со виша политика, не ви дава за право исти такви средства да употребувате во реалниот живот затоа што политиката е далеку од љубовта, а за тоа како ја терате работата и вие и вашата партија откако сте на власт, да ви кажам право, народот песната си ја пее, ама не како што вие си замислувате, туку повеќе ја кука: ,,Ајде Милке да бегаме од наше село Малешево и од Македонија,, за да не ги гледаме овие будалаштини кои ни се случуваат. Времето кога народниот пејач ја подлажнувал Милка било многу одмана, средствата за комуникација кои сега ние ги имаме, за нив биле незамисливи, па веројатно лагава му успеала. Во денешно време такво нешто не поминува, патиштата кои ве греат, си греат и постојат со години, а нивната тековна реконструкција со по некој сантиметар асфалт, сигурно не е нешто со кое треба толку да се гордеете и фалите, особено што истите не беа во некоја драматично лоша состојба и досега. За нештото што ве грее и блеска од четвртата страна, а вие го нарекувате граничен премин Клепало, ве поканувам кога ќе сте расположени, еве на пример за време на викендов, заеднички со наши сограѓани или сопартијци да преминеме преку истиот и да посетиме некое место во соседна Бугарија, да зобнеме и ние ко овие од СЈО по некое апетисанче во добра кафеана, да го овековечиме и преку социјалните медиуми да им прикажеме на сите што се заинтересирани. Ама тоа нема да се случи, јас си знам зошто, а за вас не сум сигурен, оти тоа вашето ЌЕ, ЌЕ, ЌЕ, во кое изгледа вие реално си живеете, веќе предолго трае и премина во патетика.

Затоа драги мои, на 12 Април следната година ќе му ставиме крај на ова ЌЕ-владеење зачинето со многу лажење, фантазирање и забеганост од реалноста. На Република Македонија и е потребна вистинска обнова, на Малешевијата исто така. Народната песна повторно со задоволство да си ја пееме, ама онака како што некој ни ја оставил да ја чуваме и пренесуваме на поколенијата и пак да сакаме ,,да бегаме в наше село Малешево,, а не да ја скврнавиме, како што е тоа случај деновиве.

Со доаѓањето на на власт на ВМРО-ДПМНЕ, на идниот премиер Христијан Мицкоски и на чесни и вредни луѓе, сето ова ќе биде реално остварливо за доброто на Малешевијата и на Република Македонија.

Пишува: Кирил Ковчегарски,

Aдвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ

  • Ознаки
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Горанчо Тодоровски: Почитувани делчевчани ослободете се од уцените, заканите и лажните ветувања и сите заедно со Вашите идеи и предлози да ја започнеме обновата на Македонија
Следна објава Хирургот кој сам себе се оперирал
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 901
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

507
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1810
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.