• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Кирил Ковчегарски: Изборен модел

октомври 25th, 2019 Македонија коментари 1071

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Кирил Ковчегарски: Изборен модел

Деновиве сме сведоци на кампања која ја водат ,,малите,, партии за итна промена на изборниот модел кој во моментов се применува во Република Македонија. Оваа тивка кампања, срамежливо и прикриено, но на еден начин и многу гласно е поддржана и од владејачката СДС(на С.М).

Што се крие зад оваа поддршка со сигурност ќе дознаеме на наредните вонредни парламентарни избори на кои според анкетите кои се исто така многу актуелни деновиве, владејачката партија ќе доживее заслужен дебакл, кој според мене, преку посакувана промена на изборниот модел (срамежливо најавена како можност од Заев) ќе се обиде да го ублажи, секако силно потпомогната од нејзините ,,сателит-шетач,, партии.

Мојот став е дека во овој момент не смее да се прави промена на изборниот модел, особено не во онаков, каков што посакуваат овие ,,шетачи,, (кои најчесто имаат помалку поддржувачи отколку што имаат членови во раководството на сателит партијата). Со една изборна единица и пропорционален изборен модел ќе им се овозможи на овие партии со освоени 3000 (три илјади) гласови на државно ниво да добијат пратенички места кои може да бидат клучни при составувањето на новата Влада на РМ. Дали е праведно 3000 да ги изедначиме со 300.000 илјади гласови? Еден пратеник да има тежина колку 50 и повеќе. Еден пратеник кој присобрал грст гласови од кои голем дел и по грешка и поради индиферентност на гласачите (сетете се на партијата за еднократна употреба ВМРО-ДОМ во 1998 година која тогаш беше бр.1 на гласачкото ливче!). Тогаш на површина ќе излезе нивното вистинско лице и ќе видиме што е пазарење, што се уцени, поткупи и сл. Иако овие навидум ,,невини,, личности кои се обидуваат да ни ја продадат нивната приказна околу оправданоста за промената на изборниот модел, поради наводно пропаднатите гласови  на секои избори, за нивните чесни намери, одличната идеологија и програма, јас лично, ама воопшто не им верувам, а од праксата во изминатите години се докажало и дека голем дел од нив (со чесни исклучоци) се најголемиот канцер во општеството без чија сесрдна помош поради лични и туѓи интереси ќе беа невозможни многу важни историски процеси кои ни се случуваа, а на штета на граѓаните и за понижувањње на државата.

Затоа, не за овој предлог!

Наместо со сите сили да се трудат да го сменат изборниот модел за лесно да дојдат до функции, попаметно би им било да се потрудат својата идеологија и углед малку подобро да ги ,,продадат,, помеѓу народот, па на изборите да освојат релевантен број на гласови согласно реално приложеното.

Ако беа чесни во намерите ќе предложеа изборен праг  на пример 4 % или 5 % од оние што ќе гласаат, како што е во повеќето земји каде се применува ваков изборен модел. Или зошто да не се прифати мнозински систем со 80 до 120 изборни единици во кој извонредна можност да дојдат до израз ќе имаат овие (само)замислени силни идивидуи со голем углед меѓу граѓаните. Ама ,,шетачиве,, многу добро знаат дека во вакви изборни системи со изборен праг или пак во мнозински, ќе треба нешто повеќе од кока кола со сламка за да се стане пратеник. Нема да може да се кандидираат и да станат пратеници личности кои ниту во своето село од неколку куќи не можат да освојат мнозинство гласови и кои наместо да уживаат во пензијата да бидат клучни во распродавањето на нашите национални интереси. Нема да имаме пратеници кои не смеат ниту да дојдат во родното место, а не пак да се кандидираат во истото или како досега да се кријат на изборните листи зад други угледни личности преку кандидатура во изборни единици што немаат никаква врска со нивното потекло, местото на живеење, ниту пак со нивното битисување

Предлогот за отворени листи е делумно во ред, но не треба да се избрзува со неговата имплементација поради кадровските и техничките проблеми кои неминовно ќе се јават при гласањето и сумирањето на резултатите. Како заменик на овластен-претставник на мојата партија и на кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во ДИК, на последните избори се уверив дека нашите избирачки одбори не се доволно подготвени да спроведат регуларни избори ниту со досегашниот модел (повеќето прифатени приговори беа од техничка природа поради непознавање на процесот од страна на ИО), а не пак со сложен систем на отворени листи.

 Што се однесува до малцинствата (оние помалите) кои сега модерно милуваат да се наречат етнички заедници (за мене многу навредливо, затоа што ако малку подобро се размисли и се погледне светската пракса, малцинство е многу, многу подостоинствен збор), може како во многу други земји да се предвидат загарантирани неколку пратенички места со што истите нема да мора да склучуваат пред и после изборни непринципиелни коалиции.

 Како член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција, сметам дека мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, особено сега кога изборите се веќе извесни, нема потреба да се впушта во разговори за промена на изборниот модел и да им се додворува на “сателит” партиите. Таква промена поддржана од било која партија, сега би било свесно втурнувањње на државата во пост изборна криза, само заради задоволување на интересите на минорни партии формирани исклучиво заради остварување на матни интереси (нејчесто лични, но неретко и туѓи). Немаме ама баш никаква потреба како партија да им исполнуваме желби на суетни поединци без основна смисла за хиерархиската поставеност во партиите, кои неможеле да се вклопат во оние партии во кои некогаш членувале и не сакаат да се помират со начинот на кој тие функционираат секаде во светот, па затоа си формирале свои приватни партии. Таквите досега ни правеа само штета, а на нас активистите ни беа најголем проблем да им објасниме на членовите и поддржувачите зошто истите се повторно во нашето друштво. Време е со овие појави и личности за кои пишував, конечно да се расчисти, а на политичката сцена да останат само оние кои навистина имаат релеванта поддршка од граѓаните на Република Македонија.

Сегашниот изборен модел и следните парламентарни избори се одлична прилика за тоа.

                      Пишува: Кирил Ковчегарски,

адвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ

  • Ознаки
  • избори
  • Колумна
  • став

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Гоце Марков: Македонската модерна мисла-измислена чипирана држава-
Следна објава Полиција во борбена готовност против земјоделци со испукани дланки
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 361
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 341
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 359
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 978
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 354
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 396
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 166
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 245
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 329
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1407
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1622
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 2022 1054
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 201920
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"
Македонија

Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"

Авг 4th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.