Сангријата е се што ни треба во еден коктел, освежителност, овошје и вкус.
Но кога би ги споиле јагодите и виното во една иста чаша, тоа е таа совршена комбинација.
Потребни состојки:
100 грама шеќер
120 милилитри вода
600 грама ревен, исeцкан на ситни парчиња
300 грама јагоди, исечкани на половина
2 лимети, исечкани на парчиња
1 шише розе вино
1 шише минерална вода.
Најпрвин се прави сируп од ревен, така што се вари шеќер во вода додека не се растопи целосно и потоа се додава исечканиот ревен и се продолжува со варење од 8 до 10 минути. Коренот од водата се трга и се чека сирупот да се олади. Јагодите и лиметите се ставаат во голем сад, па се посипуваат со сирупот од ревен заедно со розе виното.
Треба да останат во садот околу 4 часа, а потоа слободно сипете си чаша од овој совршен летен пијалак и додајте малку минерална вода.