• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Кога велам “Македонија”!

мај 25th, 2018 Колумна коментари 1306

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Кога велам “Македонија”-мислам на еден огромен театар со разно-разни завеси.

Завеси во различни бои и нијанси, од кои додека едната се крене, друга се спушта, за понекогаш да се преклопат повеќе една преку друга.

Глумците глумат, музиката врви, сцената наместена, светло, суфлер, костими, сценарио, режија, публика… И таму некаде на маргините на влезот, чичкото кој продава карти и оној кој ги кине картите на влез….

Кога велам “Македонија”, мислам на надеж дека имаме ум и разум пред се!

Ако досега ретко кој не сватил дека “глупирањето” на владините функционери со разно-разни гафови, е дел од стратегијата на власта за провокации кон “силните” и “наелектризираните” -ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА УЛИЦА ИЛИ ВО ПЛАНИНА, ТИПОВИ- тогаш анализата и стратегијата на сценаристот е целосно точна, вистинска и целисходна.

Точно не имаат скенирано, анализирано и проценето (како народ) кои се нашите слаби страни.

Нашите слаби страни, што воедно се и оние најјаките.

Притоа со ваквите провокации кон нашите слабо-јаки страни, спроведени преку жестоки и добро обмислени ПР мерки и активности, од страна на власта?, се цели на уништување на истите преку нивно обезвреднување и целосно преиспитување и редефинирање.

Ваквите провокации  се дел од едно пошироко сценарио за деградација на македонските (досега истакнато познати) силни страни како народ:

  • Идентитет,
  • Гордост,
  • Достоинство,
  • Чест,
  • Висок патриотски и револуционерен дух.

Колку луѓе во моментот на актуелна општествена реалност точно знаат што означува фразата  “идентитет на Македонскиот народ”?

Или пак Македонска гордост?-Што беше тоа?

Достоинство на оние луѓе што одат на сезонска работа во странство во текот на годината за да преживеат, како се дефинира?

Честа на оние што куќата си ја даваат под хипотека за да можат да живеат и работат нормално под ова парче СВЕЦКО небо?- Што би било вредносна мерка за високо ниво на Чест на овој страдален народ?

Патриотизмот и високиот револуционерен дух?

-На оној кој тепа голораки народни избраници во парламент? Или пак оној кој се декларира со мотото “..долга е раката на ВМРО”; -“револверот и камата”-идеалот  и разно разни други ирелевантни (понекогаш и штетни) флоскули? Како него би го окарактеризирале во моментот?

ИСПУКАНИ СЕ ОВИЕ “ДРЕВНИ” НАШИ ВРЕДНОСТИ ПО СИТЕ МОЖНИ ШАВОВИ! НАРУШЕН Е КОНТИНУИТЕТОТ НА КОНЗЕРВАТИВНИОТ ДУХ И ПРИДОБИВКИ ОД ДОСЕГАШНИОТ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ И ПРАКТИЦИРАЊЕ НА МАКЕДОНШТИНАТА!

Од моментот (24.12.2014 година) кога “насила” се носеше буџетот во собрание, за 2015 година. Моментот кој го започна Бранко Црвенковски со блокадата и протестите пред парламентот во таа (така далечна а толку блиска) зима 2014-2015 година.

Од моментот кој продолжи со “…Господ ме црпна од нивата во Муртино…” се до денес, оваа стратегија на девалвација успешно се спроведува од носителите на ваквата широка активност. Веројатно истата подолго време пред тоа подготвувана, за што сведочат безброј индикации и примери.

За да биде вистината посурова преку механизмите на контрола од носителите на ваквата ПР кампања  истата се реализира со помош на разно-разните “гласноговорници” во редовите на сегашната опозиција, или (како они тоа милуваат да го наречат) од редовите на НАРОДОТ.

Не се сомневам дека ваквите гласноговорници имаат искрени и чесни намери и мислење дека прават добро за државата и народот, но со тоа само работат директно против “кршењето на кичмата” на истиот тој народ.

Преку ефект на ширење поделби, стигматизирање на личности, ширење општа хистерија и неподносливост, со бескрајна конфронтација и своевиден “лов на вештерки”, државата ја држат на раб на некој си замислен можен конфликт, кој обичниот народ во никаков случај не го оправдува.

Со самото тоа што ваквите гласноговорници секојдневно зборуваат и се исмеваат со секојдневните (случајни или неслучајни) “гафови” на власта (премиер, министри, истакнати креирачи на јавното мислење и ПР носители на активности и ред други), тие всушност работат на сценариото за обезвреднување на достоинството на овој напатен народ.

Прашањето е следно:

-Што мисли и чувствува еден обичен земјоделец, текстилен работник, градежан работник итн. кога гледа дека и покрај сите

-“бруто-нето” глупости,

-експлицитно лажење за минимална плата,

-за постојаните задолжувања на државата и покрај тоа што ветуваа дека нема да има задолжувања,

-Излажаната минимална плата,

-излажаните пензионери, земјоделци, лекари

-немањето на никаква конкретна политика за подобрување на секојдневниот живот на народот со конкретни проекти и мерки , итн. итн. итн

власта пак убедливо  “победува” на избори??? И никој од спротивниот табор не им може ништо во поглед на декласифицирањее на ваквите погубни политики.

Како еден обичен селанец или “граѓанец” (сеедно) да се бори само против оваа наезда на искривени и испревртени процеси во државата Македонија.

-Колку разно-разните т.н. самопрогласени гласноговорници на народот  со “трубење” во јавност (особено по социјалните мрежи), со таквата “дејност” придонесуваат за подобрување на животот на граѓаните?

Сликата од пред компјутерите и онаа помеѓу народот кој што едвај крпи крај со крај во некоја зафрлена “скендерија” насекаде во државата е многу-многу различна.

Патем истиот тој народ е точно оној кој гласаше за живот, гласаше за укинување на радиодифузна такса, гласаше за укинување на драконските казни кои уништија цели семејства, гласаше за повисока минимална плата, повисока просечна плата итн, итн…

Истиот тој народ не гласаше за “баксузниот” број 13, за фотошопираните страшни ликови на плакатите во тотално погрешната кампања на опозицијата, не гласаше за оние кои немо гледаа, креваа раменици и ништо не превземаа кога тој народ им кажуваше дека не ја бива работата.

Можеби има голема доза на суеверие во баксузноста на тринаесетката и страшноста фотошопираните ликови на кандидатите за градоначалници, но после децениска тортура со шпански, колумбиски, турски и какви уште не кич перачни на мозоци во јавниот мејнстрим, што друго да се очекува?

После сета оваа наметната “неправда” со експлицитно “дупење во мозок” на се што значи во моментот опозиција, целта е македонскиот граѓанин да си рече: ПА ШТО МОЖАМ ЈАС ДА НАПРАВАМ-САМО ОБИЧЕН ЧОВЕК КОЈ МОРА НЕКАКО ДА ПРЕЖИВЕЕ ДО НАРЕДНА ПЛАТА!

-Нека прават што сакаат само да има мир, ЖИВОТ, и какво-таква живеачка во некаков си спокој…

Името?

Па името и така и така во моментот е БЈРМ.

Македонија ке си ја носиме во срцата, ама важно ни е влез во ЕУ и НАТО, каде ќе бидеме “богати”, полни со ЖИВОТ и сигурни по нашата безбедност.

А и Македонија конечно ќе се обедини (Вардар, Егеј Пирин и -“цела да е…” патетики.)

Кога ќе го срушат достоинството, самопочитта, гордоста и честа на еден ваков перфиден начин на македонскиот народ, тогаш ќе го видиме сценариото за влез во ЕУ и НАТО на тацна и сите можни белосветски бирократи и мешетари ќе дојдат да ни кажат како тоа они нас не спасиле од канџите на нашата сопствена глупост и “недокваканост”.

И вистината да биде посурова, сите ние (или во мнозински дел) кон ова сценарио на еден или друг начин придонесуваме активно!

Со секое наше исмевање на глупоста на “црпнатиот”!

Истиот тој што беше “жртва” и цел на “обид а убиство” и јавен линч пред портите на ЕВРОПА.

На 27-ми Април 2017 година очите на Македонската јавност не беа единствените вперени кон   племенското варварство во највисокиот законодавен дом на демократијата.

Нас како држава и народ не гледаа и некојси  “високосвесни” граџани од цела Европа и светот и притоа се прашуваа какво е ова “зло” на европскиот континент, што со дивјаштво мери сила!

Е тоа “зло” драги мои бевме сите ние како Македонски народ.

И во очите на овие “високо-освестени” европски граѓани Премиерот Зоран Заев (кој што многумина самопрогласени гласноговорници) е МАЧЕНИК кој што ќе ја одведе Македонија во нејзиното подобро утре!

Патот е трасиран за долгогодишна поддршка на актуелната власт од целиот американски и европски естаблишмент, и ако некој има алузии дека многу бргу ќе падне оваа влада (сама од себе) страшно се “вара”.

Таа е тука да остане…

Главно поради недостаток на контра мерки од ситуацијата “луд-збуњен-(не)нормалан” во која не знаеме “каде ние тоа грешиме”, заслепени од нашата самобендисаност?

А театарот продолжува да емитува програма.

Кој во публика, кој позади кулисите, кој на сцената, кој зад пултот со музика, кој со светло-опремата… Сите придонесуваме во овој општ хаос во кој поголемите ајкули (допрва) ќе ги јадат помалите рипчиња, кои штотуку пркнале во овој наш дисторзиран “БЛУЗ МУТНЕ ВОДЕ”.

Автор:Reevolucioner

Превземено од: Destination Delcevo

  • Ознаки
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Видео и фото: Во Делчево се одржа 3-та улична градска трка
Следна објава Старото Македонско знаме на парадата во Москвa по повод 24 Мај
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 614
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 629
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 614
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 600
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 530
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 964
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 614
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 747
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 793
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

942
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2955
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1456
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201920
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.