„Каменичко Културно Лето 2019“, еден од најмасовните музички настани кој по 11-пат ќе се одржи во Македонска Каменица, ќе ви приреди незаборавна забава. Како што информираат од Општината, покрај македонските Анета и група Молика, 2 Бона и локалниот бенд Риплеј, потврден е и настапот на српската музичка ѕвезди Наташа Беквалац.
-Главното случување е на 28 август каде пред присутните ќе настапат група Галија и Тропико бенд. За време на „Каменичко Културно Лето“ се очекува дека повеќе од 20 илјади посетители ќе дојдат во Македонска Каменица и ќе имаат можност да уживаат во бесплатните концерти на популарните изведувачи, информираат од Општината.
Манифестацијата се одржува на крајот на летото од причина што на 28 август се прославува и Денот на општина Македонска Каменица и Денот на рударите.
Манифестацијата е финансирана од Општина Македонска Каменица и Рудник Саса.


