Во понеделник 29 јули 2019 година со почеток од 21 часот во Домот на културата во Виница ќе се претстави актуелното електро акустичното трио на Јордан Костов кои деновиве се во Македонија со Марко Боско еден од лидерите на бразилскиот перкусионизам и Маки Хацхија ( вокал , пијано ) кој е на врвот на музичката сцена од Токио.
Преку соработките во Токио и Шангај за различни музички проекти и настапите во Македонија своето патешествие ќе го продолжат на фестивалите во јужна и северна Америка наредната година.
Музиката која ја презентираат спаѓа во светска музика со современ џез , амбиенти , современа класична музика иако неретко може да се слушнат и моменти на јапонска опера.
Во Македонија во претстојниот период ќе го реализираат својот прв албум кој ќе биде лице на нивниот гламурозен и ноншалантен џез.
Бидете дел од вечерта која совршено ќе ви ја разубави Јордан Костов и неговиот бенд во Виница.
