Откако Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска беше прозвана дека го убива и последниот здив на македонштината кај Македонската војска од страна на Драган Ковачки, таа се одзва преку социјалните мрежи обидувајки се да релативизира и да го наруши кредибилитетот и угледот на Полковникот Ковачки на лична основа кој го има кај војниците на АРМ.
Притоа по речиси 4 години апсолутна власт во државата Шеќеринска ја обвини претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за проблемите со кои се соочуваат војниците.
“Партискиот војник пак удира по Армијата. Македонштината ја “браневте” со скинати униформи и сиромашна војска. Сега сте нервозни дека вистината за вашата неспособност и маргинализирање на Армијата излегоа на виделина: можело да има поголеми плати, можело да се обезбеди бенефициран стаж, можело да се обезбедат и нови униформи и нови чизми, но и спортска и воена опрема.
Пак не ви успеваат нападите на сопствените колеги и Армијата за која во вашите 11 години не направивте ама баш ништо.”
-напиша на фејсбук Шеќеринска.
На ваквиот провокативен и замајувачки одговор, Драган Ковачки повторно ги реафирмираше прашањата од кои бега Шеќеринска а на кои јавноста мора да добие одговор:
“И еве повторно: кога немате аргументи, повторно напаѓате на лична основа. ОК.
Г-ѓо Шекеринска, македонската јавност и војниците што ги пониживте треба да добијат одговори на прашањата:
- Во која друга држава во светот војниците даваат заклетва во униформи без никакви армиски и државни обележја?
- Зошто не се почитува Уредбата за униформи што сами си ја донесовте?
- До кога свесно ќе се кршат законите и подзаконските акти во МО и за која цел се прави тоа?
Шекеринска повторно бега од одговори и дефокусира со работи што се реализирани половично – спортска опрема има само за 20% припадници (!). Згора на тоа, Министерот се гордее со работи што и’ се во опис и попис на работното место и за што е солено платена од граѓаните.
За крај, Шекеринска одговорете: Ќе има ли одговорност за обезличувањето и зошто не?
#Оставка”


