Откако беше избран да учествува во официјалната селекција на РИФФА (Regina International Film Festival & Awards (RIFFA)) фестивалот на краток филм кој се одржува во Регина-Канада, краткометражниот филм “Коливо” (Koliva) во режија и по сценарио на младиот Андреј Илиевски Волкашин деновиве пристигна нова радосна вест за целата екипа која го работеше филмот.
Овојпат филмот се закити со првата награда во рамки на своето интернационално фестивалско прикажување, на “Тонеинс интернационалниот филмски фестивал” (TONNEINS INTERNATIONAL FILM FESTIVAL) во Франција каде “Коливо” ја освои наградата за најдобар краткометражен филм.
Честитки за успехот, од нашата екипа.