НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 123 “МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО”
Ноќеска на сон ми се јави Евангелија Сурчева Гуштерова и ми вели : “На Митровден иди на граничниот премин “Црна Скала”, таму Бојко и мојот земјак Зоки ке составуваат поздравен говор”.
Станав рано, обув железни опинци и за 2 часа стасав. “Црна Скала” одамна не е црна, побелена е остаре а од премин ни П. Го знам теренот сум бил многу пати. Се скрив зад една грмушка.
По 5 минути еве ти ги, седнаа на скалата. Бојко в рака држи коњак “Плиска” а Зоќи струмичка мастика.
– Брату, ајде на здравје, и отпи баати, Слушај како ке изглежда говорот на ден по министерската срешта. Този говор ште бде как говорот на Богдан Филов на 19.04.1941. Ке започва со : Да живее Блгарија од Охрид до Черното море.
– И од Дунав до Белото море, додава Зоки.
– Млчи бе мрсник! Ште се налутат грците.
– Брат Бојко, нели тека е во говорот на Филов?!
– Нужда закон мени брат Зоќи.
– Аз в мој говор ште каза дека вие ште махнете химната, барјако и гербо. Всичките три треба да имат блгарски обележја. Нали сме един народ!
– Се е добро брату, ама што ке биде со мене, опозицијата ке ме распне.
– Иза това ас сам смислил ште помогна за претседател на вемерето да дојде Мите лимунада а ти ште бдеш премиер доживотно! Разбра ли?!
– Ами и Трајковски беше доживотен претседател… – Брату Зоќи не се склдисвај, не е Бранко премиер!
Пишува: Крум Николовски


