Крушево вчера беше зачинето од страна на две културни друштва кои продефилираа низ градот и настапија на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“.
Културно уметничките друштва Етно Илинден од Битола и Плетер од Сплит, Хрватска со музика и традиционални ора се движеа од спомен-куќата Тодор Проески се до центарот на Крушево каде што се претставија со свои традиционални настапи.
Крушевчани ги поздравија и уживаа во изведбата на гостите.



