На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, започна деветтото издание на манифестацијата „Денови на медот“.
На оваа манифестација учество ќе земат пчеларите од многу градови од Македонија, како и гости од Србија. Претседателот на пчеларското здружение „Братство“, Дејан Бошкоски ја истакна важноста од конзумирањето и користењето на медот во секојдневната исхрана на луѓето.
„Податоците зборуваат дека конзумирањето на мед во Македонија е далеку под нивото на западноевропските земји. Недоволната информираност на граѓаните за неговата важност во исхраната, доведува до многу мала потрошувачка. Пчелните производи многу значат за здравјето и животот на човекот. Медот и другите пчелни производи би требало да бидат составен дел во секојдневната исхрана, затоа што со ништо не можат да се заменат“, нагласи Бошкоски.
Манифестацијата „Денови на медот“, ќе трае во следните 4 денови.