• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Институции

ЈЛБ “Илинден” Делчево по повод денешниот ден со објава: Сеќавањата за тајните канали на ТМРО во Пијанец

февруари 4th, 2022 Институции, Регион коментари 489

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ЈЛБ “Илинден” Делчево по повод денешниот ден со објава: Сеќавањата за тајните канали на ТМРО во Пијанец

По повод 150 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев Јавната Локална Библиотека “Илинден” од Делчев преку социјалните мрежи сподели свој текст во врска со сеќавања за тајните канали на ТМРО во Пијанец, кои што голема мера биле планирани лично од Гоце Делчев.

“Овој четврток ЈЛБ„Илинден“- Делчево, требаше да сподели сеќавања за развојот на Царево село, но, на ден пред одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, одлучивме да споделиме сеќавање кое го спомнува и раскажува за великанот Гоце Делчев.

СЕЌАВАЊА

ТАЈНИТЕ КАНАЛИ НА ТМРО ВО ПИЈАНЕЦ

Македонското население од Пијанец континуирано го пројавува својот револуционерен ослободителен дух во втората половина од XIX век и почетокот на XX век.Тоа население за ослободување од османлиската власт, го подигнало Разловечкото востание.Ја организираше народно востаничката власт во времето на двомесечната слобода на Пијанец 1878 година.Се вклучи во Креснеското востание и зема многу активно учество во работата на ТМРО. Гоце Делчев имаше забележителен број на верни соработници помеѓу пијанчани.Најмногу активности Македонцие од Пијанец пројавиле во поддржувањето на тајните канали на Организацијата.Преку тие канали од Бугарија во Македонија било внесувано оружје, муниција,пропаганден материјал, а биле преведувани и илегални работници и чети, во двата правца.Во Ќустендил и Дупница се наоѓале двата многу активни задгранични пунктови на Организацијата.

Близината до Пијанец на тие пунктови овозможувала, повремено или постојано, преку него да поминуваат повеќе тајни канали.Според најновите истражувања, преку македонскиот дел од областа Пијанец, поминувале 5 такви канали.Еден од многу користените канали во времето на ТМРО , а и покасно, бил каналот кој поминувал од Ќустеднилското село Сажденик, преку нашето село Саса и понатаму до внатрешноста на Македонија.Преку тој канал, Павел Шатев во зимото 1903 година пренесувал динамит за солунските атентатори.

Преку него поминувале, во двата правца, и поголем број на чети пред и по Илинденското востание.

Каналот го опслужувале поголем број на жители од Саса, но досега се познати имињата на Коле,Антон и Ѓеро, како што запишал Шатев во своите спомени, сите од Сарафското маало.Гоце Делчев во списокот на организационите луѓе од Саса го забележал и името на Иван Ангелов.Никола Петров Русински во своите спомени соопштува дека за илегални потреби на Оранизацијата бил користен и патот што ги поврзувал ќустендилското село Раково со делчевските села Селник и Драмче.Помеѓу најфрекфентните бил и каналот кој водел од Штип, преку Виница, до делчевското село Илиово, во кое бил предвиден преоден пункт, па до Ветрен и понатаму до Ќустендил.Во уредувањето на тој канал заедно со Ангел Баба Божанин од Виница, учествувал и Гоце Делчев кој бил учител во Штип.А и самиот повеќе пати поминал по него.Во литературата се среќава и таен канал кој од буарското село Црварица поминувал преку Варево село и понатаму за Пехчево па до ватрешноста на Македонија.За работата на тој канал не се среќаваат многу податоци.Најверојатно тој канал не бил многу активен, затоа што да се дојде од Црварица до Царево село,требало да се помине преку села кои во тоа време биле населани само со муслиманско население, кај Црната скала во близина на Црварица се наоѓала воена и полициска единица, а и во Царево село две третини од населението било муслиманско, што не давало гаранција за безбедно функционирање на каналот.

Преку дел од пијанечките села поминувал и Малешевскиот канал.

Од Дупница и Лешко, во Бугарија, некои пратки и нелегални работници, поминувале и преку селата Панчарево,двата Истевници и Разловци.За користење на тој пат се среќаваат податоци и во преписката на Гоце Делчев и во спомените на Русински.Како соработници на тајните канали во Пијанец биле ангажирани поголем број на мештани од Царевоселско. Во писмата на Гоце Делчев и во останатата литература , од Царевоселско, се спомнуваат имињата на Тошо од Илиово, Митко Георгиев од Киселица, Коле Циганчето од Селник, Јане Бумбарот од Драмче, Стојца Чорбаџиски од Панчарево, и други.Во писмата на Гоце Делчев се спомнуваат Разловчани,Ветренци,Вчковци кај Дрмче и други.Видно учество во работата на ТМРО земале и бегалците од Пијанец, кои во 1878 година се нашле во Бугарија, во најголем број во Ќустендил и Дупница.Според некои не целосни податоци, во тоа време од денешно Делчево и Каменица таму се нашле околу 2500 бегалци.

Само во Ќустендил од Пијанец се населиле над 700 души од кои од Царево село над 300.

Тие луѓе верувале дека преку активностите на ТМРО ќе се дојде до ослободување на Македонија, па тие ќе можат да се вратат на своите родни огништа.

Висок соработник на Гоце Делчев во Ќустендил, бил адвокатот Глигор Бојаџиски, бегалец од Царево село.Григор е син на Митко Бојаџијата кој во времето на двомесечната слобода на Пијанец 1878 година беше член на времената Управа на слободната територија.Потоа целото семејство заедно со осумгодишниот Григор, побегнал во Ќустендил.Забележителни активности во работата на Организацијата пројавил и учителот од Ќустендил Глигор Поп Иванов, исто така бегалец од Царево село.На повеќе места во својата преписка, Гоце Делчев, го спомнува Петре Попо Димитров од Ветрен, кој по поделбата на селото во 1878 година се нашол од другата срана на границата и многу ја помагал работата на Организацијата. Тој бил главен координатор на преодниот пункт во тоа село. Видно учество во работата на тој пункт земал и Стојан Судијата, од истото село, кој имал имот од дете страни на границата.Иако нема прецизни податоци за вкупниот број на соработници на Организацијата и од бегалците во Бугарија и од македонското население од нашиот дел Пијанец, сепак има некои познати бројки кои кажуваат за нивната ангажираност.Само во Виничката афера од 1897 година, за да не бидат затворени и малтретирани како соработници на ТМРО, од Пијанец , и тоа само во Ќустендил побегнале 104 души и во Дупница 24. Ако се има во предвид дека некои од тие бегалци се засолниле кај свои роднини и пријатели кои како бегалци од порано се нашле во Ќустендил и Дупница, тогаш тие бројки се и поголеми.

Ако се соберат сите активисти од тој крај, кои биле ангажирани во работата на ТМРО, како курири, ќираџии и домаќини, кај кои престојувале нелегални работниц и и чети, таа бројка би била уште поголема.Заради сето тоа , денешните генерации од нашето подрачје, им се благодарни на своите предци, и се горди што центарот на Пијанец го носи името на великанот на македонското ослободително движење, Гоце Делчев.”

-стои во објавата на ЈЛБ “Илинден” Делчево на фејсбук.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Македонци во Бугарија со чествување пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград
Следна објава ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЛЕВИЦА ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 501
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 740
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 666
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 762
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 711
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 598
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1527
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 474
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 701
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1657
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1967
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1444
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201818
Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија
Македонија

Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија

Мар 28th, 202217
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.