Лидерот на ДУИ Али Ахмети по повод 18 годишнината од основањето на партијата упати своја пишана честитка преку социјалните мрежи:
“Денес Демократската унија за интеграција ја одбележува 18-годишнината од основањето како најголем субјект на Албанците во нашата земја, наследник на Народноослободителната армија и легитимни претставници и апсолутни претставници на политичката волја на Албанците во последните две децении”
-напиша на фејсбук Ахмети.
Притоа тој ја соопшти новата цел на партијата: Прв албански премиер
„Дозволете заеднички да ја дефинираме нашата следна цел – на следните избори заеднички да избереме ценета, докажана и прифатлива личност за ПРВ АЛБАНСКИ ПРЕМИЕР !!!”. -пишува Ахмети во свој статус по тој повод со кој ја одбележува годишнината од основањето на партијата. Притоа во текстот Али Ахмети никаде не го спомна зборот Македонија..