• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Граѓани

“Локалните легенди”- филм на младата Кети Зашева од Кочани

октомври 19th, 2019 Граѓани, Регион коментари 3654

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
“Локалните легенди”- филм на младата Кети Зашева од Кочани

Младата Кети Зашева од Кочани на свој ентузијастички посветен и многу креативен начин успеа да сними документарно-игран филм во два дела.

Првиот дел посветен на “Легендата за името на планината Плачковица” со тема од Античка Македонија. Во овој дел актерите зборуваат на Антички Македонски јазик интерпретиран низ сознанијата и креативноста на Кети Зашева која што освен режисер е и сценарист и монтажер на филмот.

Според кажувањето на Кети во првиот дел се зборува за древната легенда кажана од народите со генерации за како царот Филип Втори доаѓа кај пајонскиот крал Ликеј. Целосната легенда е прикажана во филмот и повеќе детали има на https://mk.wikipedia.org/wiki/Плачковица .

Ова е мојот аматерски обид да го прикажам античкиот македонски јазик, и прифаќам секаква добронамерна критика,

-вели Кети Зашева за своето дело.

Во вториот дел од филмот прикажан е дел од животот на Македонските револуционери Љупчо Сантов и Раде Кратовче, заедно со нивниот конфликт со окупаторските бугарски офицери кои во опсада ги убиле обајцата.

Двата филма се реализирани во градот Кочани со помош на ученици од С.О.У.Љупчо Сантов, во партизански услови со многу креација и посветеност на сите учесници во реализацијата на филмот.

Неодамна Кети Зашева на својот фејсбук профил сподели своја реакција во врска со повеќе околности кои се случувале од страна на околината на учесниците во реализацијата на филмот и самиот филм.

Нејзината реакција ја пренесуваме во продолжение во целост:

Мојата вистина накрај излегува.
2018, март.
Последна година во средното училиште Љупчо Сантов. Во тој месец, јас со моите соучесници снимавме кратко метражен филм за Љупчо Сантов, Раде Кратовче и Александар Македонски. Секогаш се чудев зошто никој не ни објасни кој е Љупчо Сантов, патронот на нашето училиште. Која беше неговата историја и од чија рака починал. Пребарав во стари документи и се начитав и дознав. Имав замисла за филм, и во март имав прилика да го створам мојот сон. Заедно со моите соученици, се собравме и почнавме да снимаме. Имавме рок од 2 недели. Јас бев снимателот, режисер, едитор, костимограф и се освен глумец. Имав задача да преведам и дел од скриптата на античко македонски јазик (користејќи верни извори и никогаш претходно неизведено). Кон нас никој немаше респект. Ова беше револуционерно дело, никогаш пред нашиот филм немаше некој направено видео специфично за Кочани или Македонија.Во еден момент мојот професор дури ме и предупреди – Немој да ставаш некакви си агенди или пропаганди. – Беше предоцна за тоа. Мојата агенда? Да, мојата агенда е љубовта кон мојот народ, град, историја, јазик и земја. Дали е навистина лошо да си ги почитуваш предците? Дали е лошо да ставаш Македонски песни во филмовите? (Затоа што моментално 70% во македонските патроните, сите песни се англиски или од туѓа нација. Единствената песна која што е Македонска е химната. Без текст. Само инструментално изведена.) И никој не се спротиставува! Ниеден од возрасните во институцијата не беше свесен. (А камоли па некој ученик на 17 години.)Немавме квалитетни средства, но знам дека имавме искра. Во текот на тие две недели, ретко бев дома. Цел ден се снимаше, и потоа завршувавме во 9 часот навечер. Да замислиш, дури едвај ни дадоа и училница за снимање на една сцена. Се снајдовме, времето минеше. Некои од професорите се бунеа, затоа што филмот беше предолг ( 14 минути ), или затоа што имаше агенди и омраза спрема друг народ??!! ( за делот од убиството на Љупчо Сантов ) Бев разочарана, но сепак со моите соучесници се изборивме за да го прикажат на патронатот. Таму, телевизијата обично го снимаше целиот патронат и го објавуваше на вести и на Јутуб страницата. ( секоја година го постираа. Но, не овој пат. 100% сум сигурна дека беше поради нашиот филм )Очекувавме коментари и од позната Кочанска страница Комарец. Сите ние чекавме да ни го споделат видеото пред сите Кочански граѓани. Тоа не се случи. Проста надеж.После емитувањето на филмот само 4 професори ми честитаа за нашиот труд. Потоа дознав и дека една професорка додека не сум била на час, пред мојот клас кажала – Многу почна да се замислува Кети. Мисле сега дека е режисер.- Просто неверојатно. Луѓе постари 30 години од мене, ме оговараа за мојот труд. Ако сум озбилна јас не очекував голем восхит. Да, филмот не е совршен за тоа сум свесна, ама важно го завршив, и пораката беше колку толку пренесена. Големо благодарение на мојата генерација и на сите кои што учествуваа во филмот и помогнаа. Се гордеам на вас.

Во продолжение погледнете го документарно-играниот филм “Локалните Легенди” во два посебни делови.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава За сите лажни вести кои беа употребени за време на референдумот и во изборната кампања, СДСМ ќе одговараат пред граѓаните на Општина Штип
Следна објава "На прав пат"- СДСМ денеска во Струга
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 414
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 603
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 564
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 651
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 562
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 463
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1476
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 399
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 632
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

685
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1571
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Ратко Димитровски оствари средба со пензионерите
Македонија

Ратко Димитровски оствари средба со пензионерите

Окт 6th, 201721
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202118
Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат
Регион

Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат

Авг 12th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.