Од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција пред Министерството за здравство на Република Македонија, го обвинија актуелниот Министер за здравство за неспособност во неговата работа.
Исто така на товар на неговата неспособност опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја става и епидемијата на морбили која е во полн замав во државата и сомнителните тендери кои се спроведуваат во овој значаен сектор во државата.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ:
Министерот, Венко Филипче е целосно неспособен за водење на секторот на здравство. Резултатот на неговата неспособност се човечки жртви!
Последната вест е починато предвреме родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство. Причина се условите, поточно крајно лошите услови на Клиниката, несоодветно стерилизирани инструменти и сали!
Министре, како е можно деца да умираат поради несоодветни услови на Клиника?
За жал ова за вас е само еден во низата смртни случаи поради лоши услови на клиниките и здравствените установи. Ова е скандал!
Министерот не знае да се снајде со епидемијата на морбили и има 4 смртни случаи. Доцни со мерките затоа последиците се такви!
Затоа Филипче е фокусиран на пари и профит, а негова специјалност стана распродавање на здравството! Од министерувањето резултат се само некакви физибилити студии, сомнителни тендери и човечки жртви! Грижата за здравјето на граѓаните за Филипче не постои!
Цената на лошото министерување е преголема. Токму затоа министерот Филипче мора да ја напушти функцијата и тоа веднаш.