“Ве молам помогнете ми да го најдам моето синче. Излезе синоќа околу 20 часот. Последен пат е виден во Ѓорче Петров во СКопје во 22 часот. Излезен е со бела шкода со таблички СК1566АП. Ве молам помогнете ми!” – напиша мајката на момчето.
Исчезнувањето е пријавено и во полиција. Се чекаат дополнителни информации. Доколку некој има информација за момчето или го препознае или го забележи автомобилот може да пријави во наблиската полициска станица или на бројот на полиција 192.


