Македонската заедница во Швајцарија ќе го бојкотира референдумот и повикува на масовна неизлезеност на 30 септември на денот на гласањето.
Во недела на 30 септември 2018 година, во 10.30 часот, Македонската заедница во Швајцарија од палатата Вилсон до Обединетите Нации организира марш за одбрана на името и идентитетот.
Македонците во Швајцарија апелираат до своите роднини во Републиката, исто така, да го бојкотираат референдумот и НИКОЈ ДА НЕ ГЛАСА!
И официјално бојкотираме од Швајцарија на денот за бојкот на референдумот.
Како што анти македонскиот вирус се вгнезди од Берн од 2016, така и антидодата македонска ќе се внесе од Женева за секогаш вечна Македонија.
Македонците во Европа веќе се на нога и уште овој викенд на 23 септември ќе се бојкотира во повеќе држави.
Женева, градот на ООН и седиштето за човекови права , на денот на протестот организиран од здруженијата на Македонците во Швајцарија, ќе биде буквално поплавен од транспаренти за Бојкот на референдум и за Македонија.
Делата никогаш не застаруваат и покрај сите обиди за неутрализација на секој непокор , генерациите ќе бидат горди на оние што сме учесници во процесот за спасот на државата.
Да бидеме авангарда и потик за нашите сограѓани з Македонци кои се во Македонија и да ги охрабриме уште рано наутро на тој ден да си останат дома со семејството и да го бојкотираат референдумот за македонско уништување .
Ајде Македонци , ве очекуваме во недела на 30 септември пред place Wilson во 10ч30, Женева.
Дефиле марш до ООН и манифестација до 15 ч.
# Македонија бојкотира
#Дијаспората бојкотира
-стои во официјалното соопштение на Драган Стоиловски кој што е претставник на Координативното тело и Кризниот Штаб за Бојкот на Референдумот од Европа.