Со потпишувањето на Меморандумот во неделава за Бојкот на референдумот најавен на 30 септември годинава, македонските опозициони партии, здруженија, асоцијации како и дијаспората од Европа, Канада и Австралија , со кристален и јасно дефиниран став за македонските црвени линии, најавија нова етапа во идните случувања на македонската политичка сцена.
За првпат после толку многу одминато време, заедничката мака не натера да се сплотиме околу заедничката македонска цел, зачувување на Асномска Македонија. Тоа важен македонски потфат најмалку се очекуваше од непријателите на Македонија, бидејќи класичните партиски надмудрувања немат повеќе место во актуелните клучни моменти за опстојувањето на овој народ, јазик и култура. Залогот е премногу голем да се дозволи ваков внатрешен политички луксуз.
-соопштуваат од Координативното тело за Бојкот на референдумот за промена на името.
Важноста на потпишувањето на Меморандумот за бојкот на референдумот, е дотолку поголем , што во него се вклучени разни здруженија и партии со посебна идеологија и различна програма и секако со своја независна слобода во акцијата. Во тоа е и главната порака, кога се работи за опстојувањето на Македонија, сите што се чувствуват како Македонци насекаде во светот, сите сме Македонија. Посебен белег е и активното учество на македонската дијаспора од светот, која неуморно ќе работи да ги подржи самостојно и независно сите активности за Бојкот на референдумот.