Организаторите на музичко-спортскиот хепенинг кој што се одржува традиционално во чест на Пресвета Богородица- заштитничката на жителите на Македонска Каменица за оваа година најавуваат вистинско летно освежување за сите граѓани не само во Македонска Каменица туку и пошироко во регионот. Според најавите оваа година манифестацијата ќе се реализира во тек на три денови од 26-28 Август на плоштадот во центарот на градот со учество на Македонски афирмирани изведувачи, како и со учество на спортски екипи и поединци во рамки на програмата..
За првиот ден и отварање на манифестацијата на 26 август планиран е настап на “Џамбо Агушеви Оркестар”, по што ќе настапи Пере од Нокаут и Игор Џамбазов и Гуру Харе со нивниот рок бенд.
За таа цел Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски лично ја најави самата програма ветувајки супер атрактивно расположение на присутните на градскиот плоштат во Македонска Каменица.
“Програмата за 26.08.2022 година ја заокружуваме со ненадминливиот македонски шоумен, најдобриот меѓу најдобрите, човекот кој е еднакво популарен кај сите генерации – ИГОР ЏАМБАЗОВ.
Во придружба на ГУРУ ХАРЕ БЕНД, а на иста бина со ЏАМБО АГУШЕВ и НОКАУТ, повеќе од сигурно е дека ИГОР ќе создаде вечер за паметење.
Го боиме градот во најубави бои!
Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд на Градски плоштад во Македонска Каменица!
26.08.2022″
-соопшти Градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски.