Петре Шилегов и Јани Макрадули, кој е заменик министер за животна средина, станаа тема на потсмев на социјалните мрежи, каде неодговорно и не професионално се однесуваат на седницата. Шилегов си игра игри на телефонот , а Макрадули заспал за време на седницата. По бурните реакции по социјалните мрежи се огласи и нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски кој напиша статус каде искажува незадоволство за однесувањето на Макрадули и Шилегов за време на седница.
-Се гледа од снимката дека читам, дека на фотографијата е интервенирано, плус (блурирани очите) и дека секој коментар е злобен. Но, тоа мене нема да ме поколеба во борбата за чист воздух и реализирањето на планот за чист воздух. Очигледно на некој му смета и тоа што се договоривме со опозицијата заклучоците да ги градиме заедно. Бев цело време од 11 до 15:45 часот и зборував на крај каде одговорив на сите прашања, што значи сите сум ги слушал и запишувал
– изјави Макрадули за ,,Фокус”.
А во врска со статусот на Ристовски , Макрадули арогантно прокоментирал:
– “Не го познавам човекот и немам коментар за непознати “.