• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Масовни гробници низ Македонија [Прв дел]

април 8th, 2019 Македонска бесмртност коментари 1607

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Масовни гробници низ Македонија [Прв дел]

Околината на затворот „Идризово“ и Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско… се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици егзекутирани без какво и да е судење или пресуда.

Најмалку три масовни гробници со стреланите „народни непријатели“ во Македонија во првите години по Втората светска војна се’ уште чекаат да бидат откриени за жртвите да добијат достојни почивалишта, укажуваат македонските историчари.Тие посочуваат дека постојат многу сознанија што може да помогнат да се најдат точните локации за да се извршат ископувања со кои би се расветлиле се’ уште мистериозните исчезнувања на многу луѓе.

Околината на затворот „Идризово“, подрачјето на Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско… се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици луѓе, најчесто егзекутирани без какво и да е судење или пресуда.Македонски историчар, вработен во Институтот за национална историја, кој сакаше да остане анонимен, изјавил дека со сигурност знае каде е една од локациите околу затворот „Идризово“.

Таа е во самата близина на затворот. Информацијата ја добив од еден поранешен висок офицер на тогашната полициска управа ОЗНА, а наскоро ќе објавам и каде е точно тоа место. Кога разбрав каде е таа, се шокирав од помислата што човечкиот ум може да смисли за да си ги скрие трагите на ликвидацијата

– вели историчарот.

Тој посочува дека не знае точно колку луѓе таму се погребани, но дека истражувањето сигурно би помогнало за да се дознае дали таму се личности за чија судбина досега ништо не се знае. 

Крвави траги од минатото

Неодамна, прво во Словенија, а потоа и во Хрватска, на две локации беа пронајдени масовни гробници со остатоци од повеќе илјади лица застрелани во 1945 година од новиот комунистички режим во тогашната Југославија. Словенечките власти во пештерата Худа Јама, во близина на Љубљана, најдоа мумифицирани остатоци од најмалку триста луѓе, најверојатно убиени со отровен гас. Во близина на граничниот премин Ригонце на хрватско-словенечката граница се најдени остатоци од 4.500 тела на тогашни германски војници, усташи и словенечки бранители. Министерот за внатрешни работи на Хрватска Томислав Карамарко рече дека на територијата на поранешна Југославија има над илјада такви гробници, 600 во Словенија, 840 во Хрватска и 90 во Босна и Херцеговина. 

Ѓорѓи Банев-Доцев, поранешен македонски политички затвореник и претседател на Здружението на политички затвореници судени за идеите на ВМРО, истакнува дека наш цивилизациски долг е тие луѓе да се погребат на достоинствен начин.

– Истражувањето на најмалку две локации околу затворот „Идризово“ сигурно ќе покаже дека таму има остатоци од ликвидираните. Треба да се бара на местото каде што се копала земјата за тогашната тулана и на левиот брег на Вардар, на околу 300-400 метри од затворот. Само на тој начин ќе се дојде до повеќе сознанија за луѓето што во темницата на ноќта исчезнуваа од ќелиите, за судбината на еден Ѓорѓи Карев, братот на Никола Карев, Глигор Чулев, Трајко Попов и други

– вели Ѓорѓи Банев. 

Под превезот на тајноста

Историчарот Ѓорѓи Малковски, чии сознанија најмногу помогнаа да се најде велешката гробница на педесетина ликвидирани граѓани, вели дека кај нас работите со откривањето на ваквите локации е одамна запрена.

– Останаа уште многу работи што треба да се откријат но, за жал, не се одвојуваат пари за тоа. Сите досегашни истражувања сум ги правел со сопствени пари. Сега имам доволно сознанија за да се откријат две гробници на шеесетина ликвидирани граѓани од Куманово и од Ресен. Таква локација има и кај затворот „Идризово“

– истакнува Малковски.

Тој посочува дека дел од луѓето се ликвидирани без каква и да е судска пресуда, а за некои смртните казни ги изрекувал воениот суд по брза постапка затоа што тие лица „соработувале со окупаторот“.

– Најчесто или немаше пресуди или пресудите беа монтирани. Егзекуциите во еден период добија толкави димензии што самиот Јосип Броз Тито мораше да интервенира за да запрат. Благодарение на таа интервенција, шеесетина прилепчани останаа живи откако беше планирано да бидат стрелани. Ликвидациите неретко се правеа и од лични мотиви или од нетрпеливост на поединци од новата власт кон луѓе што биле „од спротивната страна“

– објаснува Малковски.

Неодамна и во Делчево беше побарано да се истражи локацијата нарекувана Стар монопол, на само еден километар од градот, поради сознанија дека и таму има масовна гробница на егзекутирани Македонци како жртви на комунистичкиот режим во 1946/47 година. Историчарите укажуваат дека информациите за таквите гробници имаат превез на најголеми тајни поради стравот на наредбодавците за нивната подоцнежна одговорност за извршените убиства.

Прво стрелање, па доказ

За тоа по каква постапка се вршеле егзекуциите покажува и еден документ, писмо на функционер на ОЗНА. Тој во писмото ги прекорува подредените полициски функционери затоа што дозволиле луѓето да се стрелаат без судска пресуда и без докази за вина. За да се најде некакво оправдување за егзекуцијата, тој во писмото им порачал „откако ќе ги ликвидираат да најдат докази за нивната вина“,

-вели Малковски.

Превземено од: Македонска нација

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава На денешен ден е роден Круме Кепески
Следна објава Венко нема право да одлучува за да се распродава НИТУ ЕДНА ЦИГЛА од НАШАТА БОЛНИЦА, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 529
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 888
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 912
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 563
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 566
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 797
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 584
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1005
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 537
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

722
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1965
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 778
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.