Американскиот пејач Принц кој дефинитивно беше спектакл со само својата појава , воодушевувал и со своите сваќања за животот.
За жал почина на 21 април 2016 година на своја 58 годишна возраст.
Неговите музички дела и проекти ќе се негуваат вечно.
„Не ми е многу грижа што другите зборуваат за мене, бидејќи обично тоа е одраз на личноста којашто зборува за мене.“
„Сè додека не сфаќам сè премногу сериозно ќе бидам во ред.“
„Силниот дух ги надминува правилата.“
„Да бидете кул значи да уживате во вашето друштво.“
„Сочувството е акција, збор којшто нема граница.“
„Без разлика на сè, никој не може да каже колку ќе ѝ значите на некоја друга личност.“
„Сметам дека слободата е секси, мислам дека е толку секси што не можам да објаснам со зборови. Се будиш секој ден и се чувствуваш како да можеш да постигнеш што и да посакаш.“
„Не се лутам никому, немам непријатели.“
„Вистинските љубители на музиката ми се најдрагите луѓе на светот бидејќи сакаат да го сознаат, а не да го слушнат она што треба да го мислат.“
„Имав големо его. Големо. Но тоа и не е така лошо бидејќи барем сакаш нешто, се сметаш за голем бидејќи сакаш да станеш таков.“