Со реакција до јавноста Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги алармира граѓаните на Република Македонија дека Министерот за финансии во владата на Зоран Заев, не прави разлика меѓу
…приходи од УЈП и приходи на целиот буџет на Република Македонија, што се две различни категории.
“Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ:
Очигледно промашувањата и неспособноста на анти бизнис Владата и анти реформски ориентираниот премиер Заев продолжуваат надополнети со вообразениот министер за финансии Тевдовски.
Кога зборува за приходите Тевдовски треба да прави разлика помеѓу приходи од УЈП и приходи на целиот буџет на Република Македонија, што се две различни категории. Минатата година велеа и проектираа дека приходите во буџетот ќе растат за 9 проценти. Сега велат дека тие растат за 6.6 проценти што е потфрлање за 2.4 проценти. Или со други зборови ако продолжи овој тренд до крајот на годината потфрлањето ќе биде над 82 милиони евра или над 5 милијарди денари што е огромна сума за било која влада во регионот.
Ова ќе биде уште еден доказ за неспособната Влада и нејзиниот антиреформски тим кој има потфрлање во секоја област.
Цената на ваквата неспособност ја плаќаат граѓаните. Затоа велиме дека на Македонија и е потребна обнова. Обнова со која ќе ги намалиме даноците и ќе го вратиме рамниот данок, со која ќе ја намалиме покачената акциза за горивата и ќе направиме економска обнова на Македонија. За секој еден човек, за секој еден граѓанин. “


