Кандидатот за пратеник во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија Миле Лефков денеска упати своја порака во јавноста врска со неговите политички заложби.
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата изјава:
“Македонија е заробена држава со хибриден правен и политички режим. Државата е правно несигурна, внатрешно разјадена од системски вкоренетата корупција и криминал. Политичките институции и државните органи се во заложништво на власта..
Позади мене е еден таков пример!
Градоначалникот на Кочани, основачот на ИНТ трејд од Кочани врши градежни активности во центатот на градот на Објект на на ИНТ трејд.
Секој објект на кој се врши градежна активност мора да биде обграден со заштитна ограда и да има информативна табла со изведувач и инвеститор и да има јавно истакната информација по кое одобрение и решение се изведува!
На објектот на ИНТ нема истакнато никаква табла затоа што најверојатно нема никаква легална техничка документација, најверојатно нема одобрение и решение за реконструкција и преадаптација а очигледно е дека веќе три месеци врши градежни дејности во и околу објектот без да се почитува законот!
Каде се инспекторите? Зошто законот не важи за објектите на фирмата на градоначалникот?
Сето ова е во срцето на градот пред очите на сите нас! Уште еднаш прашувам каде се инспекторите?
Власта и СДС се закануваат на сите граѓани и за најмали зафати во кои нешто градат или преградуваат, на угостители им се закануваат и ги рекетираат за настрешници и урбана опрема.
А од друга страна фирма на градоначалникот гради во срцето на градот без да го почитува законот и прави кривични дела!
И за крај, дали инспекциските служби извршено, редовен, вонреден или било каков надзор над овој објект?
Прогласуваме војна против корупцијата а правдата победува, ќе победиме на 15 јули а потоа ќе градиме Македонија во која сите ќе бидеме еднакви пред законот!”