• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Модернизација на АРМ по НАТО стандарди

ноември 6th, 2021 Колумна коментари 730

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Модернизација на АРМ по НАТО стандарди

Добро опремена армија е еден од главните гаранти за безбедност на Македонија во време на глобални тензии поврзани со граѓански немири и тероризам, можноста за ескалација во регионот, но и обврска после влегувањето во НАТО. Македонија во периодот од 2019 година до 2028 година ќе треба да инвестира 700 милиони евра за модернизација и опремување на македонската армија со цел успешна и квалитетна интеграција во НАТО. Се работи за доста амбициозен план, кој што веројатно тешко во целост ќе биде спроведен, со оглед на економската криза како резултат на епидемијата на КОВИД-19. Во претходната статија  пишував за проблемите со кои што се соочува Армијата на Република Македонија во моментот.

Армијата на Република Македонија и покрај тоа што во 2018 година стана дел од НАТО се уште користи оружје произведено во Југославија и во бившиот СССР. ​АРМ во моментов користи хаубици кои се речиси музејски експонати. Станува збор за американските хаубици M2A1 и советските (руските) М-30, чие што производство започнало во 1941 и во 1939 година. Останатиот дел од воената опрема е постар од 40 години. Но како резултат на предстојната модернизација и набавка на нова воена опрема, сето тоа ќе остане историја. Модернизацијата мора да биде долгорочен континуиран процес, кој не треба да се врзува со мандатот на една влада.

Армија по НАТО стандарди

Во 2018 година Стејт Департменот го создаде специјалниот фонд  European Recapitalization Incentive Program, or ERIP [1], за помош на европските нации да го заменат оружјето од руско производство со американска и западна воена опрема. Македонија е дел од тој фонд, и со помош на тој фонд Македонија започна амбициозна програма за модернизација на армијата, согласно Долгорочниот план за развој на одбранбените способности (ДПРОС). Армијата на Република Македонија преку донации во последните 20 години добиваше ограничен број на модерно оружје и техника од Турција, САД и Германија.

Согласно Долгосрочниот план за развој на одбранбените способности (ДПРОС), Македонија во наредните 10 години ќе набави 150 борбени оклопни возила за Првата механизирана пешадиска бригада, хаубици со дострел до 20 километри, нови борбени и транспортни хеликоптери, опрема за инженерскиот баталјон и специјализирани возила за справување со импровизирани експлозивни направи, набавка на дронови, интегриран систем за воздушно набљудување, нови ПВО системи, дигитални радиотелефонски уреди и базни станици со заштита, како и замена на досегашниот телекомуникациски систем со оптички дигитален телекомуникациски систем се дел од предвидените инвестиции во одбраната со долгорочната стратегија за развој на одбранбените способности на Владата на Република Македонија.

Најголема набавка на воена опрема во историјата на Македонија е набавката во вкупна вредност од околу 210 милиони долари на борбени оклопни возила од САД. Проектот се реализира како повеќегодишен проект во соработка со Владата на САД користејки ја програмата Foreign military sales (FMS), при што се користат и американските фондови ERIP, CRIFF и програмата 333 со што учеството на Владата на САД ќе изнесува околу 20-25% од вкупната сума. Проектот се реализира како договор „Влада со Влада“ со Владата на САД и вклучува набавка од две реномирани компании на воената индустрија на САД и тоа „Oshkosh Defense” и „General Dynamics Land Systems“. Веќе е во тек набавката на лесните оклопни возила JLTV од компанијата „Oshkosh Defense” и до сега се склучени сите аранжмани за набавка на околу 40 возила од оваа компанија. Со објавување на одлуката на Конгресот на САД за одобрување на склучувањето на договорот за набавка на ЛОВ „STRYKER“ од компанијата „General Dynamics Land Systems” влегува во финалната фаза на заокружување севкупниот проект за опремување со ЛОВ. Согласно ДПРОС и предвидените национални буџетски средства се планира во првата фаза да бидат набавени околу 20 возила „STRYKER“. Испораката на возилата се очекува да отпочне од 2022 година [2].

Армијата на Република Македонија ќе набави турски лесни хаубици од калибар 105 мм, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа. Станува збор за 18 хаубици Боран произведени од турската компанија МКЕК. За време на саемот за оружје ИДЕФ 21 во Истанбул на 17 август, македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска потпиша документ со турскиот колега Хулуси Акар за петгодишната воено-економска соработка. Според долгорочниот план за развој на македонската одбрана за периодот од 2019 до 2028 година, планирана е набавка на модерни хаубици од 105 мм, пишува порталот. Тие се сместени во првата листа на приоритети со други средства за воена опрема, која ги вклучува сите потреби на лесната пешадиска борбена група, декларираните единици на АРМ за задачи во рамките на НАТО [3].

Набавката на модерни борбени оклопни возила како и на модерни хаубици се за опремување на Лесна пешадиска баталјонска група, бидејќи Македонија како членка на НАТО истата треба да ја стави да биде на располагање на Алијансата. Оваа единица ќе учествува во разни НАТО операции ширум светот. Македонија во иднина ќе ја продолжи набавката на воена опрема од САД, и ќе набави дронови од Турција, како и МРАП возила. САД на Македонија ќе и донираат МРАП возила како и транспортни хеликоптери после 2025 година.

Пушува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • АРМ
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • НАТО
  • опрема
  • стандард

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Иван Јорданов асфалтираше уште една улица во Штип
Следна објава Мицкоски се сретна со коалиционите партнери од коалицијата "Обнова за Македонија"
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 613
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 628
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 612
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 600
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 529
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 963
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 614
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 746
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 789
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1313
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1899
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1449
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201919
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.