Сеуште во голем замав и без прекин се движи епидемијата на мали сипаници. Во просек се пријавуваат дваесетина нови пациенти на ден. За една недела од Здравствените домови до Институтот за јавно здравје испратиле податоци за рекорден број на новозаболени.
Со новите случаи, бројот на болни од морбили надмина 1500 од кога започна епидемијата пред 6 месеци. Со покачена температура и осип по телото заразени се најмногу луѓе над 30 години, со една или ниту една примена вакцина, а повеќето се невакцинирани или ги немаат податоците за примена вакцина.


