• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Граѓани

Делчевката Дијана Петрова со својот нов роман нуди едно своевидно поместување на границата меѓу сонот и јавето

мај 19th, 2019 Граѓани, Регион коментари 1033

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Делчевката Дијана Петрова со својот нов роман нуди едно своевидно поместување на границата меѓу сонот и јавето

Во издание на Здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН од Битола влегува во печат деби романот „Бдеењето над себе“ на младата романсиерка Дијана Петрова од Делчево

Дијана Петрова е родена во Делчево, 1992 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. За овој роман е носител на Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература од издавачот НОВ ВАВИЛОН од Битола, за трајни книжевни вредности со кои се карактеризира ова четиво.

„Бдеењето над себе е сплет од разни размислувања на главниот лик, или поточно на лирскиот субјект, на оној што за себе вели „јас“ без разлика дали употребува машка или женска форма на изразување, сплет од размислувања врзани со многу моменти, мотиви од животот, но и со самиот живот.

Дијана Петрова му се препушта на сонот. Му дозволува да ја завладее, го остава спонтано да проговори како своевидна животна драма, како свет, како литература. Таа преку своето литературно бдеење нуди едно своевидно поместување на границата меѓу сонот и јавето“,

-пишува во рецензијата професорката Весна Мојсова — Чепишевска.

Овој роман со необична и загадочна содржина ќе претставува револуционерно откритие во областа на романсиерството за 2019 година, а и вистинска книжевна наслада за познавачите на краткиот роман,

-информираат од издавачката куќа НОВ ВАВИЛОН.

„Дијана Петрова влегува на голема врата во светот на книжевноста. Верувам дека читателската публика брзо ќе го препознае квалитетот на овој роман, привлечен за читање и препрочитување и дека истиот наскоро ќе доживее и второ издание. Со пишувањето на Бдеењето над себеПетрова го дава својот одговор par excellence на книжевниот повик од кој бегство нема! Таа мора да ја задржи оваа романсиерска кондиција и во најскоро време да извлече од себе продолжение на „бдеечката приказна“, оти публиката тоа неминовно ќе го посака. Бдеењето над себе е роман на кој едноставно се навлекуваш и го читаш во еден здив“,

-изјави претседателот на издавчката куќа м-р Никола Илијовски.

„Богатата, густа, провокативна и филозофска нарација на Петрова отвора редица прашања за припадноста, за можноста човек да се одомаќини во себеси, но и во другиот, за вртоглавицата на идентитетите, за прашањето што е себство и дали со бдеејќи над себеси, бдеам и над другиот во и до мене? Потоа, каква е врската на себството со соновите и сенките; дали телата и фантомите се перпетиуираат меѓусебно и конечно, дали постои излез од бесконечното размислување кое се сведува на умор и срам?“,

-пишува во рецензијата професорката Јасна Котеска.

Во продолжение објавуваме фрагмент од романот:

„Човек пред да умре, последната слика, последниот момент од неговиот живот, му остануваат врежани во мрежницата од окото. Можеби, на друго место продолжува каде што овде застанал.

Не знаев дали сум умрен и сега се будам таму кај што застанав. Се сеќaвам само дека имав страшен сон и откако се разбудив, се сеќавам дека уште повеќе се исплашив кога видов темен облак како се шири надвор…

Само таа слика ми се прикажуваше пред очите, како последна слика на мртовец, врежана во мрежницата. Темен облак како се шири.

Устата ми беше подотворена кога се разбудив, како на мртва риба, чија подотвореност значеше дека уште е свежа.

„Значи не сум бил многу долго мртов“, помислив, препишувајќи ѝ ја темнината во главата само на смртта.

Тоа што сум бил умрен, па сега се будам ми предизвика олеснување. Прво, поради тоа што не почнувам повторно од бебе. Второ, што не се сеќавам на претходната старост. Најгадните работи. Двaта стадиума, де факто различни, де јуре исти. А младоста, стадиум кога во сѐ бараме незадоволство, но само со надеж дека така староста ќе ни се смили и минливоста ќе не почека.

Незадоволството го оправдуваме поради тежнеењето кон совршеноста чија замисла ја имаме некаде во глава, а кога таа ќе ни се појави неза-доволни сме оти не сме биле спремни. Целиот стадиум минува копнеејќи, потоа доаѓа староста, која не само што не успеавме да ја одложиме, не сме ни забележале кога дошла, а таа веќе почнува да нѐ казнува.“

Извор: medium.com

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Морбилите не стивнуваат, 134 нови случаи на мали сипаници за една недела
Следна објава Аки Рахимовски и Гуру Харе со нова моќна балада: "Мајко"
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 416
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 608
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 565
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 657
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 573
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 465
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1478
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 402
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 632
Жена на денот
Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

1026
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1208
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.