• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Анализа

На Армијата на Република Македонија и е потребна итна модернизација

јули 12th, 2022 Анализа, Колумна коментари 1328

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На Армијата на Република Македонија и е потребна итна модернизација

Армијата на Република Македонија денес за жал е далеку од современите армии, и наликува  на армија од 70-тите години на 20 век. Иако на хартија Македонија располага со солиден број на воена техника, истата е застарена, и мал дел од неа е исправен и е во работна функција. Голем број на професионални војници, офицери, ја напуштаат армијата и заминуваат во странство, бидејќи не ја гледаат својата иднина во АРМ. Реалниот број на војници, офицери и кадар е помал од бројките кои што се предвидени според разните стратешки документи на Министерството за одбрана на Република Македонија. Причина за ваквата состојба на АРМ е систематското неинвестирање во АРМ и во нејзините капацитети во последните 18 години.

Иако според Стратегијата за одбрана на Република Македонија од 2020 година и Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019- 2028 е предвидено Македонија да располага со мала, мобилна и современа армија според потребите на 21 век, во реалноста тоа не е така. На Македонија и треба современ Доктринален документ за развој на армијата, и врз база на тој документ да се изгради мала и мобилна армија.

Пред се треба да се решат станбените прашања за припадниците на АРМ, проблемите со транспортот, условите и стандардите за работа, како и изградбата на модерни касарни, објекти, инфраструктура и логистика.

Шароликост на разни видови на воена техника и опрема од разни држави, микс од Југословенска, Советска и НАТО техника која што најголем дел ни е донирана, и која што претставува голем проблем со логистиката и оддржувањето на истата таа техника. Во АРМ не постои никаква унифицираност на воената техника и опрема, па има интересни случаи во оклопните единици, каде што се присутни и Советска и НАТО техника, исто е и со артилериските единици, како и со воздухопловниот винг. Исто е и со стрелачкото и личното вооружување на Полкот за специјални операции и на другите припадници на АРМ. Голем дел од вооружувањето, опремата и техниката е старо и по 40 и повеќе години. Истото тоа оружје и опрема, без соодветна модернизација не одговара на современите предизвици и закани.

Потребна е унификација и набавка на современи видови на оружје и техника. За поздравување е набавката на лесните оклопни возила JLTV и оклопните возила Stryker од САД, како и 18 стационарни хаубици Боран од Турција. Но тоа е премалку, потребно е набавка на една или две батерии самоодни хаубици, на пример турските T-155 Fırtına, или германските PzH 2000 (Panzerhaubitze 2000), кои што пред неколку години ги набави Хрватска. Покрај самоодните хаубици, потребно е и набавка на батерија реактивна артилерија, плус оклопни возила или камиони на кои што ќе бидат монтирани минофрлачи од разен калибар, што ќе доведе до зголемување на мобилноста на артилеријата. Потребна е набавка на современи противтенковски системи, како и на рачни ракетни фрлачи, и лично вооружување за секој припадник на АРМ. Плус потребна е итна обнова на единиците за противвоздушна одбрана, со лесни преносливи ПВО системи од мал дострел, но и со мобилни ПВО системи од среден дострел.

На АРМ и се потребни современи дронови, кои што се иднината на војувањето, и треба да ги искористи одличните врски со Турција и со Израел за набавка на современи ударно-разузнавачки дронови од различна класа. По примерот на Албанија, Србија, Полска и други Европски држави, Македонија за потребите на АРМ би требало да набави ударно-разузнавачки дронови Bayraktar TB2, како и разузнавачките израелски дронови Searcher Mk II. Овие два вида на дронови може да се користат за контрола на државните граници, како и за справување со природни катастрофи. За жал АРМ во моментов не располага со современи дронови од средна категорија. Плус АРМ може од Израел да купи разни видови на дронови камиказе. Воздухопловниот винг треба да се модернизира, и по примерот на Србија, може да се набават повеќенаменските хеликоптери EC135 од Airbus. Итно е потребно инвестирање и во системите за комуникација, за радио-електронско војување и разузнавање, радари за контрола, како и во системите за сајбер-војување. Предвидените 700 милиони евра за модернизација на АРМ се премалку. Воените конфликти на Блискиот Исток, како и војната помеѓу Русија и Украина докажаа дека кардинално се менува обликот на самата војна, доктрината за водењето на војната, како и оружјето и воената техника. Голем број на држави започнаа со обемни структурни реформи на своите вооружени сили. Посебно НАТО држави. Македонија сеуште тапка во место, а АРМ деградира. Доколку во минатото било гордост да си припадник на ЈНА и на АРМ, денес тоа не е така.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар


  • Ознаки
  • анализа
  • АРМ
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • оружје

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Петровденска вечерна богослужба со Високопреосвештен владика Брегалнички Иларион
Следна објава Ruen Inox Automobile го прослави својот 70 годишен јубилеј
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 617
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 602
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 756
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 798
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

677
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1853
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201920
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.