Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во јавноста најави реформа на системот за субвенции, подобрување на можностите за искористеност на ИПАРД фондовите, капиталните проекти и системи за наводнување.
“Покрај реформата на системот на субвенции максималната искористенот на ИПАРД, системите за наводнување и капиталните проекти се еден од столбовите за кои што постојано работиме во овој период и се нашите главни цели. Затоа со германската развојна банка сме во развојна фаза за распишување на тендерските постапки за 4 големи системи за наводнување во износ од 120 милиони евра, парите се обезбедени, Законот е донесен, проектната единица е формирана и ние се гордееме што во Северна Македонија денес збориме за нови 4 системи за наводнување.
Воведуваме нова мерка за поддршка на бизниси идеи во следните 5 години. Се помагаат помалите фармери чија основна дејност е земјоделството, за инвестиции и проширување на производствтото, или почнување фабрики за расад. Овој повик ќе е отворен цела година и ќе трае до исцрпување на средствата. Наместо ние да одредуваме за што ќе се дава поддршка, земјоделецот ќе може сам да подготви план и да аплицира за набавка на трактор, силос, систем за наводнување или друга инвестиција.”
-информираше Љупчо Николовски- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство