Тања Лепческа и Златко Димовски беа младоженците на годинашното 45-то издание на Галичката свадба, што се одржа викендов во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина. Свадбарските обичаи започнаа со поставување на свадбарското знаме, а судбоносното „да“ го кажаа во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.
Посетителите имаат можност да проследат над 30 обичаи кои што се изведуваат за време на свадбарските денови, уживајќи во Македонската убавина и традиција. На манифестцијата учество зедоа околу 250 луѓе (статисти облечени во автентични галички носии, претставници на културно-уметнички друштва и други.