Денеска се навршуваат 159 години откако во 1860 година Македонскиот преродбеник Григор Прличев со својата поема “Сердарот” ја освои првата награда -Ловоровиот венец во на литературен конкурс во Атина во чест на античкиот поет Хомер.
Во 1850 година Прличев се запишува на Медицинскиот факултет во Атина што никогаш не го завршил, но тогаш за првпат дознал за конкурсот за поема.
Со поемата „Сердарот“ („О Арматолос“) во 1860 година тој се врати во Атина под изговор дека ќе ги продолжи студиите, но целта му била друга. Тој го освоил првото место, ловоровиот венец, на конкурсот за поема и паричната награда при што бил прогласен за втор Хомер. Во наградата спаѓало и студирање во Берлин или Оксфорд, но таа награда можел да ја добие само ако се откаже од сè словенско во него што тој го одбил овој предлог.
Следната година Григор Прличев повторно се пријавил на конкурсот со поемата „Скендер-бег“, но таа година по некоја случајност, конкурсот не се одржал.

Сердарот
Пискотници се слушаат од Галичник до Река,
што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
Ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал?Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал.
Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
а да ги брани нема кој . . .”
-Земјоделци, служители на Деметра баш така
шепотеа за гласот зол, а жените,
штом чуја, писнаа од силна мака
и коси корнеа од бол.
А гласот растеше, и голем стана та се дигна
ко Бореј, брзокрил.
За час во сите ближни села толку бргу, ене, стигна
тој несреќен и кобен глас.
Вдовиците и бедните, ги гледаш, солзи леат,
и момите — за света чест.
А земјоделците ко втрегитени од ровја беа
на таа толку жална вест.
Во пролетна вечер задумано почива една
жена, седејќи на прагот.
Со раце на колена, пушката светната ледна
таа ја милува благо.На средна е доба; и јадра, и сосема здрава,
кршна и херојски силна.
Извајана е амазонската нејзина става:
вистинска личота милна.Годините не ја намалиле онаа убост;
на лице свежест се гледа,
младешката сочност не ја беше сменила грубост.
Таа е кутрата Неда,
несреќната, достојна мајка на Кузман. Седејќи
в хаос од мислите мачни
во земјата очите беше ги впила, бидејќи
сонила соништа мрачни:
Потпорните греди од нивната куќа се ведат,
паѓаат шумно во мракот.
Но насреде уште останала самотна греда,
ама да потпира јако.
Но и неа бесно огнооки змејови страшни
силно ја тресат од темел и куќата,
најпосле, паѓа, а купишта прашни
станаа гробови неми . . .
Со одвратност од себе сонот го оттурна она,
мислите црни ги гони;
но пак ја обградија мачните слики од сонот
ноќеска што и се сони
Штом шушнува нешто – смуртеното чело го крева
сигурно синот и ќе е!
И пак го наведнува, како овената трева,
зашто чеканиот не е.
И зошто ја жали вдовицата минувач тажен,
солзите свои ги трие?
За смртта тој не се решаваше прв да и каже,
од неа злото го крие,
бидејки и беше единствена потпора, левен,
чедо на мајка си првно.
Страшилиште беше за Харпија—Албанец гневен
сегде што грабеше стрвно.
На оганот мајката котелот, ене го клава:
вода да стопли за толку
саканите капнати јуначки нозе и глава . . .
Него го носеа молкум.
Се надева, кутрата, пак да го пречека кога
коњче ќе разигра стројно.
Тој, силниот цар на сенчеститпе планини, тогај
помил и станува тројно.
А Кузман честопати гонеше пљачкаши кои
плачкаа секаде смело,
и секогаш силен и горд, со другарите свои,
победник идеше в село.
Но одеднаш се слушна надвор како некој стаписо еден толку тивок шум:четворица натажени Арнаути, без капи,по селскиот се движат друм.Испотени, мртовецот го носат; и во тремотго внесоа тој товар скап,а луѓето се собрале крај мртвиот и немоприковале свој поглед тап.Отсекаде се чуја плачови и пискот силен,и чиниш, овој народ клеттој час го оплакуваше со својот лелек виленнајсвидното на овој свет.Крај трупот Кузманов со тага коњот ‘ржи;и уште крвав беше тој;ја копка земјата и лад со гривата му држина стопанот и другар свој.И мајката истрчува со стапка трепет полнасе двоуми, но сал за миг . . .По плачот општ се сети дека веста беше болнаи танок таа пушти крик,да, како лавица, што дрско ловците ја гонати плодот и го крадат прв …А тогаш и најтврдиот од очи солзи срона:го стигна жалта својот врв.Плачовите низ селото се носеа се уштеи Неда црна крпа пакод главата си фрли, повторно косата ја пушти,а плачот стана толку јак,– „Малодушни земјоделци, истајте од дворов!”– им викна мајката со гнев.– Јас сакам да го видам. Молкнете, о створој,гледајте си на својот грев!Доста’ му беа липањата пискотите ми ледниза награда во овој час.Над ваште невести и ќерки плачете, о бедни,бидејќи за нив нема спас.Та каква надеж отсега вам ќе ви носат дните?Го нема, кутри, Кузман вашкој како своја зеница ве чуваше вас ситеи крајот свиден роден наш!”При викот мајчин народот стаписано се стреснаи пат и стори нејзе мал.Со коси пуштени, се фрли ко Менада беснаврз својот мртов син од жал.Плачејќи, до себе студената ја гушна главако бршлан којшто јавор младпрегрнува,се припива до таа тенка става .. .Се повеке од нејна градсе крева плач и пискотот што воздухот го полнат,Над овој толку тажен створсе збраа многу жени и со една тага болнаи шепнат тие збор по збор.Ја тешат ко миловидни ластовици, ја делатод трупот студен, толку мил.Кој гласот женски може да го слуша мирен?велам:Кој смртен толку корав бил?Албанците, гологлави, пристапија со почит,со раце скрстени. Тој часнајстариот се доближи и вземи удри очипа прошепна со искрен глас:И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!Ти изгуби, о мајко, џин!Народите ќе пеат колена со уста милназа делата на твојот син.Да, слугите на Арес ќе го слават, мајко, сетошто тој го сторил в подвиг смел,и сите певци ќе те слават секаде по светотсо еден занес толку врел.А ако сакаш, почуј, немој солзи да те душат!Ќе раскажам што знам за се.Знам, свето е за херојство и подвиг да се слуша …– Се молкна. Сегде тивко е . . .
– „Пуштајќи го денес изутрина на волја гласотчета од стомина свратиВо Стан.Но да дадеше бог да не тропнешечасот смрт што на сите им прати.Зар некаков демон кон пропаста стрмна не турнаБраќата мои под ридонко рибите насуво тогаш во борбата бурна,да се прпелкаат видов.И мајка над синот, и жена над мажот ќе кука,ќе го оплакува мрачно . . .А ние, од бачило што се наоѓаше тука,грабнавме овнови алчно.Се спуштија други во Стан; и по куќите, вични,бараа пченични лебој,Доведоа оттаму десет ергенчиња лични:некој да служи ни требал!Но господ на робјето виде од вишното небоколкав е нивниот ужас,и нададе уши стенчивиот глас да го слушне– плачот на тие што служат.Ко камшик од бога одненадеж Кузман се јави;намислил ужаси бојни . . . . .Дружината вешто ги одра, а потем ги ставина ражен бравите гојни.А крвта се впиваше каде што капеше вземи.Подоцна – судбина била!-на истата земја, во црвени порои темникрв да се пролее — сила.Од окото божје на кривдата чедата немини да се затскријат каде . . .Запаливме огнови.Над нив дружинатаспрема овнови десет да кладе.Штом сеизедливиот оган ги испече добро,откако жарот се’згаси,под дебели сенки дружината наша се собра:песната долго се гласи.Врз месото, како брзокрили јастреби, ниесе изнафрливме гладни.Штом некој од жедност посакаше вода да пие– служеа децата страдни.И кога се насити секој, со децата смеапочна; плапотеше сешто.Од сегде претерани смеите војнички беа;кобеа тие на нешто.Да, солзите на навредените целата утринкобеа лошо над моитеКо трендафил алов црвенеа децата кутри:остро ги укорив своите.Но незапирливите млади не разбраа тогајстарецот зоштпо им зборел,бидејќи одмаздата пратена над нас од богависела веќе од горе.Блескавото сонце се беше искренало правонад нас на небото. Вбесен,одненадеж среде виковите диви се јавикоњик со јунаци десет.Албанецот, решија, злочинот да им го плати.Кузман ги запре со глава:им влеа тој храброст и веднашка гласник ни прати— в борба не викаше. Страване минеше од нас. Од смртта исплашени тогајзедовме оружје в рака.Чувствувавме дека ни мрзнеше крвта . . Па когаКузман сред јарост и макасе провикна: . . . „Бидете смели, о деца-на Река!Нечесност не ќе не плаши.Спомнете си кој ви навредувал земја, и некасрцата охрабрат ваши!И, ако со виното вдовица вашата силнажед ја загасила медно,а ако ви бацило рака со насмевка милнасираче нејако, бедно,ил ако во гозби сте имале почесно место— кое е гордост, би рекол –и ако здравицата вам ви се здравила често:здравје ви посакал секој —па, да се присетиме ние за тоа и некада се покажеме смели!Да не речат дека сме туѓи на честа и декафалби се нашите цели.На јуриш! Судбината ни е во скутот на богаскриена, иста и сретна!” . . .– Тој викна и разбуди смелост кај сите; и тогајвиорно коњикот летна,држејќи во рацете сабја дамаскалија, лутадвеостра сабја од челик.Со викот и галоп го следеа коњот на Кузмандесетте јунаци смели.Се спуштија како вихрогона далга ва бојот;дишеа лутина страшна.А Гегите паѓаа и го оставаа својотврел труп на земјата прашна.Но борбата нерамна беше, и – како што бива –дадоа и тие жртви. Та не беа челични!И нив ги родила живажена, и паѓаа мртви.А тогаш ја зеде врз грбот тежината сетасин ти неизмерно сакан.Ко сторачен гигант сам против албанската четабеше се испречил така.Се носеше коњот по желба на силниот вјавач,виткав ко змија на оган;пробиваше пат, спасувајќи на херојот глава– зашто го сакаше многу.Го тераше коњот ко молња и без да го запре.Погледот ровја му беше,а ударот гигантски задаван назад и напред— смрт за Албанецот грешен.Штом опасност видеше Кузман од негде, тој тешкомавташе оружје ледно.Во погледот – острина. Од нас, пак, потече жешкокрвта пролеана бедно.Со ноздри раширени ‘ржеше коњот во пена– другар во триумфот жнеан;тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ..Тажни стоновите беа.Пред очите наши, затрепкани в уплав, тој бешедемон што сечеше тела;на одмазда гласник да казнува секогаш решеннасилни, пљачкашки дела.На смртен тој никако веќе не личеше средеоние борбени часој.Под сабјата негова паѓаше Албанец беден– како под српови класој.
За таа наша пропаст жал на Махмуда му стана,се спушти како орел тој.Разбеснето со шпорите тој шибна, коња вранасо Кузмана да стапи в бој.Спроти него се исправи. Под црна веѓа густаодмаздата ја собрал – бран.Тој зеде в раце оружја огнодишни, а в устастегајки остар јатаган.Од двете оружја се слушна пукање, и сетнедва куршума со пискот золизлетаа, барајќи месо: едниот го сретна,и Кузман сети силен болво рамото, кај одлево клучницата со зглоботлопатниот го крепи дел;а другиот во правта закачи,свирејќи злобно но без да сретне жива цел.И Кузман горчлив насмев сал на својот враг му прати.Се исправи на коњот жив,та дур на Махмуд му се здаде јатаган да фати-Испреварен, му зајде здив . . .Ја крена Кузлан сабјата па одлево и краткоја замавна врз врагот клетна она место кај што гордо гркланот на вратотнад телото се подал сет.Не се спротивстави коскената и јака масана секот, што во овој мигдо мишката, делејќи меса, сосем лесно стаса,и Махмуд пушти грозен крик.Да, така дрвар лесно сече в гора гранка здраваод дабот толку силен, стар.И прво падна раката со таа руса главана мојот храбар господар.А потем падна и се урна снагата му целаврз оној грозен, крвав куп.И бликаше на земјата во струи крвта врелаод уште топлиот му труп.
Јуначкото тело на Кузмана беше од ранилути ишарано цело,што беа се пробиле лесно низ ребрата збранисе до внатрешните делој.Од крвта ненаситен, се уште водеше битка,лутина гневна дишејки;од раните бликаше крвта, но се уште бриткамавташе сабја, беснејќи.Под секира дабот, што бури победувал, такасмртно под рани се веде,а потоа паѓа од моќната дрварска рака,ама – врз дрварот беден. . .”Албанецот тоа го раскажа. Мајката, којабеше изумена сета,штом ова го слушна, над маката бескрајна својазатажи, припадна клета.Одненадеж народот врати со плач на плачојтекако бран врз бран во брегот.Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите,продолжи повтор за него— „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќигоспод во рајот го пратил;неизмерни сласти му нуди;и само плачејки душата ти му ја матиш,бидејки тој падна со своите, бранејќи ја со нивхеројски земјата мачна,а не како злосторник кого Темида го гони,фрла во јамата мрачна,и не како здушен од наказ, ил’ прогниет, гладен,не како удавен в браној,и не како жена што потајна болест ја јаде, —туку од јуначки рани . . .Да, не од недостојна смрт… За насилнички делаотплатник беше, знаејќида одмазди смртно за својата дружина цела,голем страв сегде ширејќи.Во страшната борба тој отепа не еден Гега . . .Јас ќе ти раскажам за нив,за нашите најарни херои кои подлегнаа сегасите под лутите рани:во борба непобедлив широкоградиот Јакупкојшто со подвижност лесназа папукот Карала беше го фатил ко каленна земја беше го треснал.Утробата сал му ја истурил. . .Потоа Рушит,сиот во позлата бојна,од чија што песна и свирба трепереа уши:опитен човек во војна.И Селман брадатиот, татко му кому му пратилпоздрав, без веќе да жали,бидејки за крвта на брата си беше го фатил,— глава му одзел на Алманах.И Ахмед, од сонцето спален, што обесил таканекојси кадија грешенврз комшиска жена кој ставил изгнасена рака,да ја обесчести решен . . .Абдурахман,,куршум чиј наместо секогаш паѓал,најди му рамен во светот:без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓалмалечки птички во летот.Оловниот куршум не погоди овојпат ништо.Сиот избезумен, мажида паѓаат виде. И падна во вечните сништа,остави мајка да тажи.Живееше тој во Малесија, каде што секојкога ќе тропне на вратанаоѓаше заштита, ако на стопанот некојод нив му убил и брата.Скриениот може и султанот да му го бара,заплашувајќи со колеж.па макар по цена на крвта – не ќе му го даратонега помош што молел . . .И Сулејман, којшто го продал имањето сето,гонет од младиот порив;за сабја дамасклија немаше веќе на светотона што не би го сторил . . .И Емин, што рипна во реката Дримот та чијаматица брзо го свлечкабидејќи со невооружени врази, а пијаннекогаш беше се спречкал.А тогаш од водата некаков рибар што миналбеше го спасил со сила.Но жицата Кузман од животот негов ја скина:судбата таква му била!. ..Чан-Јок, гостоприемлив, куќата чијашто честобеше во секое времеза сите отворена . . . Роден во планинско местокаде што живее племеОд смртници смешни: веруваат в Алах и Христа,мешано празници слават;и оџа, и поп на гробиштата заедно истиобреди свештени прават.Па син му на Абдула, Елеас, кој – да не чуете лага –в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше,без малку да остави трага,в правта под нозете лесни.Но нималку не му помогнаа нозете, ете!И животворните зрациизгаснаа; остави вдовица млада со дете,малечко детенце в раце . . .И најпосле, дивиот Махмуд, кој беше во сештобик меѓу стадото бесно.Го викавме војвода, господ. . . штом наумил нешто– веднаш го вршеше лесно.Нам водачи тие ни беа; без бог да ги штитисмртта ги однесе ледна.Јас не можам да ти ги изредам сите, па нити,жено, да слушаш ти седна!Од крвта на стомина борци сред викови дивиземјата прокисна меко.Останавме само четворица Албанци живишто го избегнавме секот.За награда ние од Стан го донесовме син ти,толку нажалени сите:да не биде храна на птиците грабливи, нитиплен да им стане на пците.Та нему му прилега погребението свето!Нека не разбере Недајуначкото како го цени Албанецот сето!. .. . . Често од Одрин ги гледавзачудено Русите. Восхитен бев од синојтекои Елада ги даде.Служејќи му на Шкодралијата , каде што минав– гробови видов. Но кадеда одев, да скитав, јас не сретнав појунак човек,жено, од сина ти сакан.И блажени нека се твоите гради се довекшто го охраниле така.За твоето млеко се покажа достојно чедо,венчан од славата трајна,и никако не го посрамоти родот ти, Недо,в скут на победата сјајна .. .А куќата што ке ги чуе плачовите твоисвета ќе остане за нас.На твојата порта не ќе тропнат Албанци, коибараат гозби и храна.За Гегата рајата трпеза полна ќе даде;рајата има, се гледа.Јас секогаш ке го почитувам покривот кадеКузман го родила Недаи каде што таа поднесува голема тага.Пред тебе клетва ќе ветам;Албанецот нема да згазне на зборот и лагане ќе е клетвата света”!Со почит, пред телото мртво Кузманово, ракаГегите кренаа веднаш.Тупаници стиснаа силно; пред мртвиот вакаклетва изрекоа една:– „Се колнам јас, јунаку, никогаш мајката твојада не ја нажали Гега.И нема да позволам,еве, на зборот си стојам,смртник да пречи од сега”.Се колнеа Гегите, колено чисто на тиеПелазги славни. А Недасо закован поглед в кој омраза — молња се криегледа во водачот бледа.Ко втрештена беше. Молчалива – риба! Но бликнаодеднаш болката пуста.И тежеше в гради. Ја натера гневот, та викналуто мајчината уста:– „Зар повтор со злосторни ужасни мисли сте полни,скитници, грабливи страчки?!Зар пак, о, разбојници, кроите некакви волниубиства, кражби и пљачки?Зар не се сеќавате, клетници, божјата ракакако ве разори, смачка?Ил’ диво се смеете син ми што загина саканмислите: час е за пљачка!Но и други борци ќе воскресне Река и водачнивни ќе излезам в гора.По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам . . .Јас да ве уништам морам,ил’ мртва ќе паднам. Зошто ми е животот когасин ми неодмазден ке е?Во бојот ќе побарам смрт. Но по желба на богаможе и триумф да грее!Јас сина да видам – ќе жртвувам живот, копнејќи;сили со радост ќе зберам.Но залудо ти ми го фалиш ко јунак, бидејкивраг си му нему по вера.Даројте на врагот се омразни. Храброста немашто да ја фалите вие.Го нејкам ја венецот никаквец што и го спрема,помисли други што крие.Расплакана Албанка, косите што си ги куби,фалби на Кузман му плете,бидејќи во оваа слава и подвиг и убилможеби маж или дете.Од кротката раја, во нашата клетва се вели,Гегите храна ќе зберат.Сал мојата куќа ќе била чествувана, нели?Клетви ви не се за вера!Со таквите клетви и зборови немој да мамиш!Света е куќата моја:со барут и железо полна е; не ќе ја срамиНеда родината своја.Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, –вас ќе ве дочека смело,со божјата помош во борба со душмани крвнив крв ќе запечати дело.Ти велев често: „Кузмане не ризикуј ти живот,не елегувај во бојот пак!”Но ти опасноста ја презре, и во пресрет, диво,на болниот му летна знак.. . . Но, на рамо вие го носевте сина ми довде,голем пат вие сте прошле . . .Знам, нечесно ќе е да почнам со играта овде,зашто со милост сте дошле.И затоа нека во верност се заколне секој,нека се заколне дека не ќе врши грабежи,се дури постои веков,во намачената Река.Земете ја, инаку, клетвата назад, и такаденес да почнеме битка!Јас не можал среќна да бидам се дури во макастрадниот народ се витка!”Им рече . . . ја гледаат збунето Гегите неа:лик на природата сама . . .А луѓето, сите со трепет, замаени беаод необичната драма.И откако дадоа збор Арнаутите, секојод нив се заколна дека не ќе врши грабежи,се дури постои веков,во намачената Река.Го поткрена Неда мртовецот, — тешкиот товарво мајчина прегратка лесен . ..Плачејќи, во бранови луѓе го гледаат ова. .Околу патот е тесен.Големото портиште скрцна ко бикова рика.Дворот се начичка добро до народоти од неговата таговна вика.(Сите пак, не ги ни собра.)Сред плачот се стегаше народот надвор и благосекој на мртвото телоКузманово сакаше да му се доближи: да гобакне неговото чело.А Неда, носејќи го на раце лесниот товар,силно офкајќи, се качипо ретките високи скали, гологлава . . Новастихија разнесе плачој.На постела таа го стави мртовецот, кадежена, во црнина цела,рамнодушно чекаше. Врз глава таа му кладекрпа, копринена, бела.Ти која си, жено, што можеш да стоиш сред врелиплачови студена тука?Калуѓерка таа е, Фотина, чиешто челик –срце во градите чука.В гроб темен испратила мнозина Фотина клета.Нејната студена душа,гледајки ја одблизу смртта – замрзнала сета.Страшниот пискот го слуша,недостапна сала за солзи. Но, ете ја,стои– карпа пред јароста бурна;нејзиниот ум го зацврстиле молитви, коиидат од душата тмурна.Мртовецот таа го соблече. . . Крвави порој,лута и не една рана …А мајката, браздите кога ги виде, без зборојко поулавена стана.Тресејќи се целата, очи со раце стискајќи,в потп се изоблеа ладна:Еринија чиниш ја збрка;со глава, ко лисје нишајќи,таа полумртва падна.Надојдоа жени; од подот го кренаа тиенејното немоќно тело,и почна со студена водица некој да триеНедино високо чело.Но откако дојде на себеси кутрата Неда –отвори полека очи.Штом поткрена поглед, започнаа пак да се редаттажачки, солзи без почин.А Фотина мртвиот в корито беше го клала;вода го потури млакашто беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малкужив да се искапи така.Го искапа бабата. Кога го вршеше овасреде тишината темна,монотоно сите ги редеше маки на Јова9,в потсмев кон сладоста земна.Ко лице и песната бестрасна беше, но рекав кристално корито, чинам,што тече низ песок, гонејки ја полека-лекажедта на тие што минат.Баш така Библијата како со балсал ги сладинеутешените гради …Зборовите параа срце на тие што тамусобрани беа, а самоутехата стои пред кутрата мајка ко стена,болката неа ја скрши.Свршуваше песната . . . Ама опитната женаи со капењето свршина многутажениот мртовец, херој од Река.И Кузмановото телосе провикна за да го кренат .. .Па видоа декателото – цвет беше бело.А мајката прва се спушти и лесно го кренакако од фиданка гранка.Му облече кошула веднаги опитната жена,риза – пајажина танка.А потем, позлатени дреи што Кузман на празниксамо ги носеше голем.Да, така младоженец ружаат моми со разниобредни песни во пролет.Го пренесе мајката, накитен сиот во злато,на чардак – резбарско дело.Го кладоа в постела: Неда по тажачки прати,најарни тажачки в село.За тажење, досега нигде неслушнато, Неданајпрво знакот го даде;И расплете коси, над мртвото затажи чедо. ..Рацете таа ги кладеврз Кузман… – „Се надевав – писна, – ој Кузмане, декакако младоженец в зорадевојките ќе ми те облечат;тука Ке екнат весели, свадбени ора.Го украси резбар со цвеќиња таванов, – рече, –од младоженската стаја.Канејќи не бочвата сите на свадбена вечер —врие од виното таа.И пративме дарови на свршеницата твоја;прстенот таа го смени.Ни наближи часот за венчило. . . Злосторна мојасудбино, како се мени!Но место да чуеш ти радосна свадбена песна-тажачка слушаш да пекам.И наместо одаја брачна, ох! — јамата теснабездушно тебе те чека!На рацете нема да залулам внуче, а ете,каде ме остави, каде?!Се изгасна родот, а друго освен тебе детенелам, не остана надеж.Го остави творецот земен со еден и родотна чествуваниот Раде.А мракот на смртта ја голтна без милост и таафиданка бог што ја даде.На Радета Стајко му беше единствено дете;Ти, пак, Стајковата надеж.Во битките смртта на сите вам венец ви сплетена гради камен ми кладе.Та новата рана ја отвори старата; денес,кутра, да не бидам жива –над синот и мажот оплакувам одеднаш! Менесрцето в бол ми се свива.Се чуди со ужас и денес албанското племешто јунак татко ти беше;со славата побратен, сердар, тој целото времебеше на херојство решен.Ги плашеше како што зајак се плаши, кој бивагонет од изгладнет орел . . .Тој падна во Дебарца кај што со Муча на животи на смрт беше се борел.Ти остана детенце, утеха една во жалост,бујно ко фиданка в гора,За подвигот татков со восхит ти,иако мало, сакаше јас да ти зборам.Штом слушаше ти за неговото убиство, твојотпоглед плалнуваше а ужас;и, вцрвен од лутина, клетва ти даде во својотгнев – дека одмазда ружаш.Бегајќи од шумот на твоите врсници, честонешто во мисли те влече:во сонот ги гледаше битките, а најаве местоиграчки — имаше мечој.Со опашан,тежок меч често те гледав да шеташ,пламено нешто шепнејќи.За убиства жеден, те гледав кај виорно леташ,невидлив бој ти водејќи.Но, отпкако порасна направи дела од коидушмански племиња в стравасе стресоа… За тебе слушнав од душмани твоифалби што тебе те слават…Штом татко ти загина, сабјата твојаповторно ја прероди Рекако пиле што пиштела в орлови нокти, во којаГега ја навредил секадомакинска куќа… Ти брзаш,мој сине,да земешвенец од лаври во крајотна блаженства,кај што не се знае болка ивреме, каде што таму, во рајот,од приказни можеш да сретнеш задоволства толку . . .Песни се нижат од гласој –што не ги чул досега смртник . . . И бескрајно, колкувекови минат ко часој!Сред ливада, таму, и татко, и син ќе се сретат;таткото сина ќе гушне.Во борбите диви што сторила твојата четаод тебе тогаш ќе слушне.Штом јунакот тој ќе го гушне со насмевка милна,радосен ќе ми те баци . . .А, можеби, набрзо и мене, в радоста силнаќе ми подадете раце . . .”Го изрече ова . . . Бессолзните очи од тешкатага ко жарови беа;бидејќи го пресуши изворот тагата жешка– немаше солзи да леат.Во истото време подзедоа жените болнотажења, в припев редејќи,а однадвор им пригласуваше, липаше волнонародот збиен, плачејќи.И едно по друго од другите жени два хора,одгласувајќи ко ѕвона,за животи редеа што рекол Кузман и сторил.Кој ке го раскаже онашто жените,кога ќе тажат над мртов, го редат?…. Дојдоа мајките чиешто чеда со Кузмана паднало; потем со НедаКузман го тажеа тие.Жалејќи го Кузмана, тие над своето блискотолку неизмерно плачат:да не стане пљачка на пците. .. А лелек и пискотсегде во куќата јачат.Но одеднаш Неда истрчува горе ко елен,народот гневно го кори:– ,,Ој, орачи, мажи, не тажете вие! – им вели !слушајте што ви се збори!В бесполезно плачење зошто венеете така?Плачот остајте го еднаш!Кому му се нозете лесни и снагата јаканека биволите веднашги впрегне во коли и тргне во Стан. Та и самизнаете: в прашина, мртви,десетмина јунаци лежат што смртта ги смами.скапи за земјава жртви!Па, кога се мртви, дајте им на кутрите мајкинека ги истажат барем.Тажењето за нив е награда: оплакувајкимајките ќе им ја дарат!”Им рече … И рипнаа четири момчиња млади;веднаш истрчаа спротиНедината куќа, та право отидоа кадемногуимотниот Фоти.Од крајната сушина колите сосема леснитие ги свлечкаа по нив.По нешто поправија и во дупчињата тесникатран намачкаа они.И впрегнаа три чивта близнаци биволи црни.Чесно молејќи се богу,одејќи пристигнаа се до планините стрмни,.толку надиплени многу.Брзајќи биволите спотнаа. Се уште такакрцкот се слуша по ридје.Ги водеше колите опитен старец што в макапрепател многу и видел.
Да, така беше тоа. Девојка, пак, тажна домаво собата и сама е.По либе таа тажи .. . Чија ли е таа момачии клепки толку лични, се?Свршеницата е таа; Марија, и една надежна Томе, својот татко стар.Тој женски ред-занаети со сновалка и дадеи тоа беше негов дар.Не пристигна свршеникот си мртов да го китисо росен погребен букет,бидејки не тажат во Река момите, па нитиго видел тој срам овој свет!Пред свадбата девојките, затворени ко пилци,сред мечтите се носат рој.Нив бог ги гледа. В ѕидот,пак,ко в кафез птички крилцаго кршат тие гласот свој.Ткаејки, таа слушна плач. И мисла црна нејзеи блесна в глава како нож.Ко гласник на несреката при неа Толе влезе,леејќи солзи како дожд.— „За плач е час.. Свршеникот непријател го убитрпејќи пораз во Стан.Го тажат жените, променети во црни руби,а плачот – железен е бран.”И жал, и мака скри девојката; и мирно седнапред својот нежен татко стар,Не заплака, а мени боја, проѕирна и бледна,пожолтена ко килибар.А старецот си излезе, оддалечи, мислејќи,за кого да ја мажи друг.Ој, кутриот? Тој никогаш, па иако копнејќи,не ќе стисне во преград внук.… Штом сама остана, шамијата ја сметна в трепети пушти веднаш жален вик.Расплетувајќи долги коси, врз нив тури пепел:го презре својот убав лик.И писна в плач; – „О дни во кои несреќа се лее!Та тажен ли е живот клет;од денес полн со болки, низа крвава тој ќе еод солзи, преполн маки сет.И само в гроб јас кутрата, за мојта болна душаќе најдам сладок балсам .. .Ти, о дали свршеницата си сакана ја слушаш?Те прашам: кај ме напушти? .. .Не ќе видам да носиш пак на коњот трофеј боен,да стигнеш гордо, в роден крај.Ни на оро, сред младите, ќе видам, либе мое,да блеска твојот пусат в сјај.О, зошто немав сабја јас, та со неа мавтајќи,да летнев како јунак в бој!И место тебе, стрела албанска пречекувајќи,ко заштитник да паднев твој.А Гегата крволочен јас, бесна ко Менада,би го раскинала со заб.Но што!… Од огнот борбен момата се плаши млада;нејзиниот е мускул слаб.Со солзи жешки, да ме чуе, молби богу пративпред светиот му моќен трон.И може творецот на светов жив да ми те вратиштом мојот ќе го чуе стон!Но, кој од оној свет се вратил? Камо таков човек?Се уште силен е Харон…Природните ги создал господ закони за довек,за мене не ги мени он!Ќе служам јас во домот божји, и во црна рубаќе бидам вечно тажна јас.Не ке примнам друг в постела, и колку да е убав,се дури трае мојот час.Со плач ќе те смилостувам.. О слушај ме, ти можешда слушаш крик мој секој пат:Час побргу ти сврзи ме со либето, мој боже,во твојот рајски светол кат!Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ѓи склопи– во сонот ке ми блеснеш тисред тишината, во сиот сјај што целата меопи, ко оние што блесна дни.О сонце, колку светлина ти прскаш уште рано,и како лееш светол зрак!Штом Кузман не го чествуваш ти згасни в океанотда не грееш и над нас пак!”Проговори .. . И целата покуќнина од темелја претури од силен јад.А јадот толку растеше … Го исплака без времеизбраникот на својта град.
Крај Галичник постои ритченце малечко световрби насадено сето.И шумоли поточе, брзо ко змија, течејќи,кристални води леејќи.Светлината сончева одвај приѕирнува таму.В сенчести гранчиња тукакукајца се вести штом пролет ќе наближи само,таговно в пресрет и кука.И изморен патник замислено седнува овде,потпрен под некоја врба.Слушајки го чрчорот птичји што достига довде,целиот пролетен брбор —На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал,го пее ова просјак сед;а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднашго запишав од ред до ред.
