The Cranberries е ирски рок бенд составен од Долорес О’Риордан како главен вокал, Ноел Хоган на гитара, Мајк Хоган на бас гитара и Фергал Лолер на тапани. Овој бенд успеа да ги премине сите музички граници со примеси на дрим поп, џенгл поп, пост панк и ирски фолк. The Cranberries се еден од најуспешните бендови во 90-тите години кој има продадено повеќе од 40 милиони албуми ширум светот.
Долорес главниот вокал прерано и ненадејно згасна и била најдена мртва во Лондон.
Прекрасната талентирана пејачка имаше само 46 години. Иако причината за нејзината смртта сѐ уште не е позната, медиумите сметаат дека се должи на нејзините проблеми со депресијата и биполарното нарушување.
Следниве музички дела се оние кои добија сосема ново значење по смртта на Долорес О’Риордан…
1. Zombie
2. Linger
3. Dreams
4. Promises
5. Ode To My Family
6. When You’re Gone
7. Analyse
8. Animal Instinct
9. Go Your Own Way
10. Salvation