Во своето гостување во емисијата Јади Бурек Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски разговараше за повеќе актуелни теми кои што го тиштат народот во државата и од кои зависи реалниот живот на сите граѓани.
Николоски со својот домаќин Јанко Илкоски разговараа како прва тема за расипничкото трошење на Буџетот на Владата на Зоран Заев со кое што актуелната власт потроши огромни финансиски сретства и ја урниса економијата на Македонските граѓани и стопанство. Огромното задолжување кое што Зоран Заев го реализираше за две години од 1 милјарда и 500 милиони евра е една од најголемите катастрофи кои што се имаат случено во Македонската економија без некои видливи капитални расходи кои што ја регенерираат Македонската економија на подолг рок. Користењето на овие огромни буџетски сретства за плати и надоместоци за партизираната администрација всушност значи осиромашување на Македонската економија и Македонските граѓани затоа што парите кои што се исплаќаат за плати најчесто еднократно се вртат во економијата и на крај завршуваат испумпани надвор од државата. Додека кусокот од капитални расходи за улици, патишта, водоводи, канализации и слично значи угаснување на Македонското стопанство кое што овозможува над 30 пати да се свртат инвестираните финансиски сретства со што се унапредува целокупната Македонска економија.
Ваквото расипничко трошење на финансиите кои што треба краткорочно да обезбедат Зоран Заев да остане на власт дополнително се продлабочува со буџетската ставка за т.н. други трансфери кои што за 2021 година се предвидени над 600 милиони е=вра, каде што постојат индиции за директно перење на пари од Буџетот на граѓаните за потребите на власта на СДСМ на чело со Зоран Заев.
Целата емисија со повеќе други актуелни и жешки теми со Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски погледнете ја во сл. видео во продолжение:


