• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

На повидок нова „енергетска авантура“ наречена изградба на гасна електрана во Грција

ноември 25th, 2020 Политика коментари 784

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На повидок нова „енергетска авантура“ наречена изградба на гасна електрана во Грција

Изминативе два-три дена слушнавме на Македонскиот енергетски форум од сегашниот генерален директор на ЕСМ дека Македонија времено се откажува од инвестирање во нуклеарната електрана во Белене-Бугарија и ќе се пренасочи во изградба на гасна термоелектрична централа во Александропулос-Грција. Учеството во градбата би била околу 25% од инсталираниот капацитет или би имале 200 MW од инсталираниот капацитет од 800 MW. Позитивно е што се размислува за нов производствен капацитет кој ќе обезбедува базна енергија.

Но, има некои работи кои треба да се учат од историјата, иако оваа власт ја продава историјата и вели не е важна.

Еве пример како е важна знаејќи го минатото. Во време на СФРЈ, некаде во 1960 тите и 1970 тите години, Република Македонија инвестираше во градба на еден термо блок од 200 MW во ТЕ “Косово А“ со цел таа енергијата за следните 20 години да ја користи во тогашната фабрика Железара – Скопје. Тогаш бевме сите во заедничка држава, но во посебни републики. И покрај тоа, снабдувањето со електрична енергија од овој блок не беше без проблеми. Честопати било каков дефект на Термо блоковите во Косово, беше поврзан со блокот кој го финансираше Македонија, сите трошоци за поправки на дефекти, ремонти и резервни делови беа наплатувани на товар на Македонија, а сигурноста во снабдувањето беше нестабилна. Контролата на работењето на блокот беше во рацете на локалните власти и Македонија во основа слушаше што ќе им кажат властите од Белград па дури и колку да платат за поправки и други трошоци. Тој период заврши и сега финансиите ги немаме, а немаме ниту термоблок. Со оглед дека Македонија во инвестицијата во гасната електрана во Грција би била малцински учесник, нема да има управувачки пакет, ниту некоја решавачка улога во работењето на електраната. Ова е поткрепено и со досегашно негативно искуство за досегашното докажано “пријателство“. Им даваме само аргумент за уценување во дадени критични моменти во електроенергетска криза, а згора не сé тоа го финансираме сами. Инвестицијата во гасната електрана во Грција ќе чини многу средства. Кога најмногу ќе треба, може и да не работи бидејќи персоналот за работа и управувањето ќе бидат странски. Со кои гаранции ќе се обезбедува работењето на тој блок? Со терминот “наши пријатели“?

Најверојатно дека нема некоја посериозна анализа за обезбедување на гарантирано учество во управувањето со електроцентралата, ниту финансиска конструкција колку тоа ќе чини. Знаејќи ја сегашнава македонска гарнитура на власт, тоа ќе биде гаранција на наведната кичма, а со тоа ништо не се постигнува. Да им препорачаме на овие “експерти“ дека сите тие средства кои планираат да ги префрлат во други држави и да градат централи за туѓи интереси, подобро да ги инвестираат во гасна електроцентрала дома. На пример во ТЕЦ Неготино, каде гасот е веќе пристигнат. Или во ТЕЦ Осломеј или во ТЕЦ Битола. Нели е така многу поисплатливо; да имаш на своја територија централа и да ја управуваш и го користиш бенефитот од истата.

Но, има едно малку чудно решение кое го протежира оваа власт. ТЕЦ Неготино ќе го продаде, а ќе инвестира во Грција или Бугарија, за да учествува во друга држава во изградба на нивна електрана. Како да го коменираме ова, како лудост, наивност, свиткана кичма или нешто друго? Исто така, интересен е феномоненот што Владата предводена од СДС, во врска со Стратегијата за за развој на енергетиката на Република Македонија, нема апсолутно никаква визија. Иако Стратегијата за развој на енергетиката го дефинира најпогодниот долгорочен развој со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија, кадрите на СДС стратегијата ја менуваат неколку пати месечно, а некогаш и почесто. Последните четири години сме сведоци на секакви изјави, кои некогаш се и дијаметрално спротивни.Во едни изјави државата гледа интерес во нуклеарната централа Белене во Бугарија, па за кратко време се менува идејата и се насочуваат кон производство од фотоволтаични централи.

Некогаш во нивните изјави го модернизираат РЕК Битола за да го продолжат работниот век и да ја заштитат животната средина, па истите после го затвораат РЕК Битола во 2025 и по потреба има јаглен и по 2050 година. Сега имаме идеја за инвестирање во гасна централа во Грција.

Какви енергетски решенија за производството на електрична енергија во наредниот период ќе најават кадрите на СДС не може никој да предвиди, но со ова однесување на СДС и со водење на ваква енергетска политика можеме да очекуваме несигурно производство и снабдување на електрична енергија, поголема енергетска зависност, а со тоа енергетска и економска криза во Република Македонија.Колку побрзо ги испратиме СДСМ во историјата, толку подобро за Македонија.

Македонија има итна потреба од нов енергетски менаџерски тим и реализација на стратешки проекти во државава за развој на енергетиката. Следно што треба да направи Васко Ковачевски е да си поднесе неотповиклива оставка од позицијата генерален директор на АД ЕСМ, додека се уште има време да се спаси Македонија.

КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава "Бели Мугри" издадена на денешен ден во 1939 година е напишана на велешки дијалект кој е основа на современиот Македонски литературен јазик
Следна објава Death Metal верзија на говорот на Грета Тханберг за климатските промени
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 383
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 699
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 560
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 498
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 621
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1950
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 534
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 647
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 525
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

755
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1810
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4274
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.