Деновиве во Штип интензивно се работи на изградбата на конзолни носачи на коритото на реката Отиња кои се во функција на проширување на улицата Васил Главинов и зголемување на нејзината сообраќајна пропусна моќ за возила низ централното градско подрачје.
Оваа фаза на изградбата на конзолни носачи започнува од гимназијата “Славчо Стојменски” па се до основното општинско училиште “Ванчо Прќе”.
“Продолжуваме со изградба на конзоли на река Отиња и проширување на ул.Васил Главинов.
Денес започнуваме со градежни активности на потегот од гимназијата ,,Славчо Стојменски” до основното училиште ,,Ванчо Прќе”.
Нашата цел е проширување на двете најпрометни улици во централното градско подрачје, а со тоа и решавање на сообраќајниот метеж.”
-соопшти градоначалникот Иван Јорданов во врска со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект за штипјани.

Истовремено тековно се работи на изградба на нови тротоарски површини на повеќе улици во градот кои што имаат голема гравитација на пешаци. Реализацијата на овие проекти е во согласност со политичките определби на градоначалникот Иван Јорданов за уредување на секој тротоар, секоја улица, секое катче за одмор и рекреација.