Деновиве во тек е интензивната изградба на содржините во новиот мултинаменски спортски комплекс во Македонска Каменица.
Според градоначалникот Димче Атанасовски спортско рекреативниот комплекс ќе биде најубав од таков вид јавен простор каков што нема во регионот. Овој комплекс е еден од четирите капитални проекти кои што заедно се во вкупен износ од околу 1 милион евра кои што општината тековно ги реализира.
Спорско-рекреативниот центар во Македонска Каменица ќе биде завршен до крај на годинава со што сите спортисти од општината но и пошироко од регионот ќе имаат значително подобри услови за спорт и рекреација. Како што неодамна најави градоначалникот Атанасовски во нашето интервју со него, овој проект е еден од најзначајните проекти кој започна со реализација и ќе биде завршен во првата година од неговиот мандат.
Деновиве на терен може да се забележи дека е изведена кружната тартан патека за трчање околу фудбалскиот терен.
Овој проект во Македонска Каменица ќе го зголеми квалитетот на спорт и рекреација, како за професионалните спортски екипи кои што бележат успеси на национално и регионално ниво пред сите други општини, така и за помладите генерации на спортисти кои што допрва треба да блеснат на Македонското спорско небо. Особено проектот е наменет за одржување на здрав спорски натпреварувачки дух кој што ќе има позитивна рефлексија врз целокупниот општествен живот на Македонска Каменица.