• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Наташа Котлар за Јане Сандански кој загинал на денешен ден во 2015 година во Пиринска Македонија

април 10th, 2019 Македонска бесмртност коментари 1677

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Наташа Котлар за Јане Сандански кој загинал на денешен ден во 2015 година во Пиринска Македонија

Во историјата постојат два вида личности – едни што ја создаваат и други што ја следат. Јане Сандански е од првите, а денес се навршуваат 104 години од неговото убиство.

Тој е револуционер, војвода, организатор, идејник и агитатор на Тајната македонско–одринска револуционерна организација (ТМОРО), општественик.

На 10 април (стар стил или на 23 април по новиот стил) кај месноста наречена Блатата на Пирин Планина било извршено неговото убивање. Блиските луѓе и оние што го сакале, отткако го пронашле, го однеле телото на Јане во неговиот дом во Роженскиот манастир и го погребале на едно прекрасно и соодветно место – планинска полјанка на исток од малата црква „Св. Кирил и Методиј“, што тој ја подигнал во 1914 г.

На поставената надгробна мермерна плоча испишани се неговите зборови:

„Да живееш, значи да се бориш. Робот – за слобода, а слободниот – за совршенство“.

Јане Сандански (1872–1915) е значајна личност на македонското ослободително дeло од крајот на XIX и почетокот на XX век. Главни одредници во неговата револуционерна активност се настојувањето за духовнa и образовнa преродба на македонскиот народ, за неминовна длабока општествена преобразба, доследна борбата за самостојност и за независна македонска република и, секако, високите вредности на човечката личност.

Биографијата на Јане Сандански е пример за еден посветен народен мобилизатор. Тој се покажал како мошне способен агитатор меѓу народот и успешен организатор во привлекувањето на народот и во ширењето и зацврстувањето на организациската мрежа во селата.

Сандански е идејникот и главен водач на грабнувањето на американската протестантска мисионерка мис Елен Стон, заради добивање на парични средстава за револуционерната организација (ТМОРО). Оваа афера е клучниот настан што го афирмирал понашироко името на Јане Сандански. Секако, неговиот влог во македонското револуционерно движење е со пошироки димензии и значење.

Верен на револуционерниот концепт за ослободување на Македонија, тој од Пиринскиот крај направил тврдина на антиврховистичката борба. Сандански е најнепосредниот следбеник на Делчев, по чија смрт не постоела друга личност во движењето која можела да се претстави како негов предводник и во организациска и во принципиелна смисла.

Како таков, Сандански се истакнал не со зборови и не по заповед, туку и со борбите по улиците на Цариград за соборување на султанот и со сето она што го создал во младотурскиот период (Сандан-паша), во и по балканските војни. Меѓу бројните пишувања за убиството на Јане Сандански, како покарактеристично е она на непоколебливиот врховист и Јанев непријател, Михаил Дубалаков. Во неговите спомени, пишува:

„Една вест во првите денови на април долета со страшен шум од Пирин, соопштувајќи за убиството на Јане Сандански. На10 април во месноста ʼПапаз–чаирʻ, сред цветните пазуви на Пирин, недалеку од неговиот сакан Мелник, беше најден убиен од ʼнепознатиʼ лица еден од големите водачи на македонската револуција – Сандански… Некои негови блиски раскажуваа како било извршено убиството. Сандански бил нападнат од една чета, којашто поставила неколку заседи по патот, за да не излезе жива жртвата од рацете на злосторниците. Наидувајќи на првата заседа, врз изненадениот Сандански бил истурен дожд од куршуми.

Погоден уште во првиот налет, Јане не ја загубил присебноста на својот дух, скокнал од својот коњ, легнал, започнувајќи престрелка, којашто продолжила речиси еден час. Сандански ја запрел борбата дури тогаш кога во неговото тело биле нанижани единаесет куршуми, што биле испукани од манлихерите на прикриените назад стрелачи. За да ја затемни славата на мртвиот и за да го намали ефектот на убиството, една позната клика пушти верзија дека Сандански бил нападнат, убиен и ограбен од апаши (?!), и тоа не на друго место, туку апаши во Пирин…

Светата земја на Роженскиот манастир го прибра простреланото тело на бележитиот македонски водач. Но неговиот немирен и моќен дух ќе талка долго над родните земји, слушан во ајдучка песна…печатот на главниот град ги полнеше своите колони, соопштувајќи ја со крупни и дебели букви сензационалната вест за убиството на Сандански…“

-Пишува Наташа Котлар на фејсбук

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ова е омилената странска песна на Зоран Заев
Следна објава Ниту дождот не го поколеба Мицкоски во Бутел да ги разоткрива лагите на Зоран Заев, за чевлите пред Владата, за исселените, за....
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 529
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 889
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 915
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 565
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 567
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 798
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 585
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1005
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 537
Жена на денот
Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

1031
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1840
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.