На вечерашниот митинг на кој пред жителите на Скопската населба Бутел им се обрати Професорката Гордана Силјановска, со жестока реторика Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски ги разобличи лагите на СДСМ и Зоран Заев:
Ќе велите, ќе клеветите, ќе лажете како опозиционер дека поради политиките на таа влада луѓето ја напуштиле државата, а кога ќе имате можност тие луѓе да ги вратите, ниту еден од нив нема да ги облече тие обувки, туку дополнително ќе се засили иселувањето од Македонија и тоа на цели семејства коишто разочарани од вашите безочни лаги и неисполнети ветувања заминуваат од родното место, таму каде каменот најмногу тежи, тоа е дома, овде во Македонија.

Затоа сите граѓани на Република Македонија ќе кажат едно огромно ДА за идниот претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова
-истакна Христијан Мицкоски, кој иако заврна дожд не се поколеба да го заврши својот говор и до крај да ги разобличи лагите и манипулациите на актуелната власт.