Распадот на здравствениот систем се забрзува со несмален интензитет. Општата хистерија која веќе повеќе месеци тлее помеѓу граѓаните е пред експлозија.
Актуелната власт предводена од Зоран Заев лажеше на отворена сцена за најважните национални интереси на Македонскиот народ при што го промени името на државата иако се колнеа дека нема да го направат тоа.
Оттука генерира цел еден систем на недоверба на граѓаните кон политиките на актуелната власт вклучително и недоверба кон здравствените власти. И таа недоверба во никој случај нема да биде санирана со скапо платени ПР агенции, затоа што животот на населението е во прашање. Поразителните бројки на починати Македонци кои талкале низ лавиринтите на здравствениот систем се претворени во национална катастрофа- најголема по Втората Светска војна по однос на жртви.
Повеќе од очигледно е дека проблемот на пандемијата ја надминува самобендисаноста на Филипче, кој поради сопствената арогантност и притисокот на партиската хиерархија над него во СДСМ не му дозволува да прогласи капитулација и да се самопрогласи за недоволно способен сам да се справи со најголемиот предизвик со кој се соочува човештвото.
Упорното и тврдоглаво одбивање на подадената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи со своите капацитети во решавање на проблемот за спас на нацијата, почнува да се претвора во трагично шоу во кое страдаат граѓаните.
Сериозноста на ситуацијата е преголема, поради кои причини опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара промени во Законот за Заразни болести со кои ако власта прифати ќе се формира експертска комисија чии одлуки ќе бидат задолжителни.
Оваа предлог мерка ја афирмираше Потпретседатаелот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание, Александар Николоски, кој во емисијата „Студио 10“ во Телевизија 24 во текот на вчераниот ден.
“Ако го гледаме процесот на справување со КОВИД-19 кризата некаде од март годинава гледаме дека правилата кои важат за модерниот свет во Македонија не се случија, затоа што таа крива во Македонија никогаш не се случи, имаше варирање на бројките, што може да се објасни само со еден збор а тоа е стихија, односно кога не го контролирате процесот се случува стихија како што се случува сега.
Вториот проблематичен дел е високата смртност која која што за жал исфрла еден друг проблем, а тоа е здравствениот систем во Македонија, во делот на човечки потенцијал. Македонија не е лоша и честитам на сите кои се борат против коронавирусот, но во делот протоколи, апаратура, во делот на соодветни лекарства и примена на истите, дупките во системот кои се создаваат 30 години наназад сега излегоа на виделина.
Кога десетици илјади семејства имаа проблеми тоа е национална трагедија и гледаме дека системот еродирал, а главната забелешка е дека не се искористи целиот потенцијал и се пристапи политички, така кога требаше да се одложуваат изборите во ситуација кога имаше по 30-тина заболени, тогаш се пристапи со драстични мерки, а сега со вакви бројки не се преземаат истите мерки, тогаш имаше еден, двајца починати сега има по 30-тина починати.
Мерките во ниту еден случај не треба да бидат политички мотивирани, како воведувањето на карантин околу Велигден годинава, а сега е политички мотивирано да не се воведува карантин, дел од мерките се мотивирани и од економското фијаско ќе ни се случува, а и недостатокот од конзистентност во воведувањето на мерки е исто проблем.
Денеска правиме втор обид по првиот неуспешен обид кој власта го одби, да ставиме на дневен ред во собранието измени на Законот за заразни болести каде ќе се формира една поширока експертска комисија која ќе треба да се справи со КОВИД кризата.
Ваквото законско решение треба да ги вклучи најдобрите експерти од медицинскиот факултет и експерти од најдобрите болници во Македонија, за подобро справување со корона кризата, како и она што тие ќе го усвојат да не треба да биде одобрувано од министерството за здравство, и тоа што таа комисија ќе го донесе да биде задолжително.”
Целата дискусија во врска со ургентното постапување за борба со овој актуелен проблем како и за повеќе други актуелни прашања погледнете ја во видеото во продолжение: