Во утринската програма на Телевизијата АЛФА во емисијата „Добро утро секое утро“ со новинарот Христо Ивановски разговараше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашала Мизрахи.
Емисијата во целост беше посветена на историските контексти на Холокаустот на Македонските Евреи извршен од страна на бугарските фашистички власти во Втората светска војна како и генезата на фашистичките злодела пред самата војна.
Мизрахи со домаќинот Ивановски зборуваше и за рефлексиите на холокаустот во годините што следувале се до ден денеска. Мизрахи го спомна монструозниот факт дека од нејзиното семејство биле убиени 83 луѓе од страна на фашистичката бугарска власт, како и целиот систематизиран инструмент за спроведување на холокаустот.
Целата емисија која изобилува со мноштво факти и историски податоци може да се погледне во видеото во продолжение.
ДА СЕ ЗАПАМЕТИ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ!


