Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за ТВ Канал 5 говореше за актуелните политички процеси во државата, поврзани со евроинтегративната агенда на актуелната власт.
Владата на Заев нема намера да го гони криминалот и корупцијата. Нивото на реформи во Македонија не е доволно за да започнеме и во овој момент сите информации кои што стигаат до нас е дека нема да имаме чист датум за почеток на преговори со ЕУ. Оваа Влада нема капацитет за да отпочне преговори.
ВМРО-ДПМНЕ е спремно за предвремени избори, нека поднесе Зоран Заев оставка утре, да формираме Техничка Влада согласно законот и за сто дена да одиме на избори.
-соопшти во интервјуто во продолжение Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.