Фондот за пензиско и инвалидско осигрување во Неготино доби нова табла. Покрај она „Северна“, новиот напис на институцијата ќе го краси и превод на албански јазик.
Ова се случува во град каде бројот на жители од албанска националност искажан во процент е 0,01 отсто!
Иста ваква двојазична табла беше поставена и во Кавадарци, но за разлика од Неготино непознати сторители истата ја имаат искршено.
Своевремено, лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, се чудеше кој тоа ќе спроведе двојазичност на територија на цела Македонија.
Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени до каде забегаа,
– зборуваше Заев.
Заев: Кој бе ќе спроведел двојазичност ? pic.twitter.com/xPSP8I8ZQs
— Мартиан (@MartianFromMKD) January 14, 2019