• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Разловци и Разловечкото востание: Фељтон во 4 делови- ДЕЛ 1

септември 20th, 2019 Македонија коментари 2481

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Разловци и Разловечкото востание: Фељтон во 4 делови- ДЕЛ 1

Сокриено како гнездо во најгорниот дел на Долно Поле со надвиснати куќи една над друга, распоредени по падините на Голак и Загазо, со лицето свртено кон изгрејсонцето се наоѓа востаничкото и револуционерно Разловци чии храбри жители со својата решителност испишаа светли страници во македонската историја. 

Разловци лежи на левата страна на реката Брегалница, на надморска висина од 707 метри и површина од 60 км2. Првата гледка на Разловци, неговиот посетител ќе ја има откако ќе стигне до Овча Глава кога убавиот асфалтен пат ќе почне да се спушта надолу. Оттука Разловци плени со својата убавина, зеленилото на Долно Поле, многубројните пасишта, ливади и шуми, а по благите падинки распоредените разловечки колиби како монистра од тој прекрасен ѓердан.

Местото на стариот селски бунар сред селото Разловци (стара датирана фотографија)

Местото на стариот селски бунар сред селото Разловци (датирана фотографија од 2006 година)

Оваа местоположба на селото придонело уште од најстарите времиња оваа убавина да биде населена зашто сведочат старите живеалишта во околината на Разловци: Рајанец, Селиште, Градишен Чукар, Старото Село, Селото и др. Во некои од тие населби живот имало до Востанието. Најдоцна замрела населбата Селиште. Во досегашното постоење Разловци е познато како село Разлошница, Разловца и денеска Разловци.

Турските власти во 16-от век направиле попис во Пијанечката нахија и под број 7 го попишале селото Разлошница. Таа била поделена на два турски чифлика и три баштини со 50 христијански семејства и 40 неженети. Годишно Разлошница имала данок од 4479 турски акчиња (турска монета).

За денешните разловчани не е познат топонимот Разлошница. Можеби тоа била населбата што разловчани ја викаат Старото Село, а двата чифлика Долно и Горно Поле.
Во 17 век во потрага за подобри животни услови, подгонети од турските власти 12-13 фамилии од Разлог и околината дошле во Пијанец и застанале кај жителите на населбата Рајанец во Долно Поле. Меѓу нив имало занаетчии како терзии, бојаџии, колари, ќуркчии и сл.

По некое време тие ја напуштиле Рајанец и одлучиле да дојдат во горниот дел на Долно Поле и почнале да ја чистат денешната местоположба на Разловци која во тоа време била со високи и големи дабови дрвја, т.н. Благун даб. Така почнала да се создава новата населба на разловчани- денешно Разловци.

Староседелците од околните живеалишта за занаетчиски услуги доаѓале кај разлогчани, а потоа почнале да ги напуштаат старите живеалишта и да се населуваат воновата населба. Така растела населбата, засметка на старите населби кои пропаѓале. Од разлогчање постанало разловчање, а од тоа и името на населбата Разловца. Научните работници сметаат дека името на селото потекнува од топонимот Разлог што значи рамнина и навистина од сите страни оградена со планини.

Една од селските улички во Разловци прикажани на стара датирана фотографија

Преку селото минува една улица како рибина коска од која се одделуваат повеќе мали улици. Таа улица е ΄рбетот на селото. Пред самиот центар се одделува една улица што води кон црквата и училиштето.

Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци

Во центарот на селото се наоѓа Спомен-домот на Разловечкото востание, здравствениот пункт, неколку продавници и стариот бунар сведок на многубројните настани. Сите разловечки невести тука ги носеле на вода. На ова место разловчани се одмораат, тука ја гаселе својата жед, тука се бендисувале, тука седеле турските тапиџии и полјакот Алиман, тука се создавал и растел разловечкиот непокор.
Сé до Востанието, Разловци е мала населба со тесни улички, со мали и неваросани куќи во кои огнот постојано горел. По Востанието, Разловци ќе почне да расте. Многу луѓе од Робово, Митрашинци, Владимирово, од Лаки и други села потиснати од Турците барале спас со доселување во Разловци. Тогаш со селото раководи коџобашија. Тој давал дозвола за доселување. Така во 1878 год. Разловци броело 742 жители. Тогаш имало 154 венчавки за разлика од 2007 г. кога се случиле само две венчавки, 5-6 кршевки, наспроти 10-15 умирачки. Во 16 век Разлошница имала 40 неженети. Во периодот пред 10-12 години Разловци има над 200 неженети.

Старата Буда чешма во село Разловци

Најголемо Разловци било во 1971 год. кога броело 1143 жители. Во 2002 г. се попишани 831 жител. Овој број денес е значително намален. Денешните разловчани се занимаваат со земјоделие и сточарство, но со намален број на стоката. Разловечките колиби ни од далеку не се она што беа некогаш. Тие се одлични собирачи на печурки, мов, лековити билки, но и продавачи на дрва. Во потрага за подобар живот и заработувачка многу млади заминаа на работа во Италија, Грција и во други земји. 

Фрески на водачите на Разловечкото востание во црквата Св, Цар Константин и Царица Елена во центарот на селото Разловци

Иако, колибите не се полни со луѓе и стока, ги нема многубројните воденици, валевици, а го нема и познатиот разловечки ΄ржан леб, сепак, останува гордоста кон нивните предци, аманетот од Разловечкото востание, топлото гостопримство, нивниот убав соборен ден и вербата во подобро утре. 

Продолжува…

Пишува: Димитар Узунски

  • Ознаки
  • Димитар Узунски
  • Историја
  • Разловечко востание
  • Разловци

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Преписка меѓу портпаролите на власта и опозицијата
Следна објава Разликата меѓу Неготинчани и Кавадарчани
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 561
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 541
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 531
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1190
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 320
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 558
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

506
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1639
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.